fbpx

СДСМ Крива Паланка: Кој и зошто ги штити фирмите што ги прекршуваат работничките права

-

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски толерираат грубо кршење на работничките права во конфекционерската и во чевларската индустрија во Крива Паланка, реагираат од СДСМ Крива Паланка.

„Според информациите што се доставени до нас, вработените во текстилната индустрија, наместо пријавените 40 часа неделно, работат по 9 или 10 часа на ден, и тоа пред очите на трудовата инспекција. Тоа се вкупно повеќе од 60 часа неделно, без слободен ден за викенд или празник“, изјави Ивана Ристовска, член на ИО на ОО на СДСМ Крива Паланка.

„Ако платата се подели со вкупниот број работни часови, повеќе од јасно е дека ова е историски најниската цена на трудот во Македонија.

Според неделните работни часови, овие работници заслужуваат минималец од 16.200 денари веднаш, а не 10.900 денари во 2018 година. До тогаш останува само прашањето како да се преживее.

Ова е уште еден доказ дека минимална плата од 8.800 денари е неуспех на актуелната власт на Никола Груевски.

Друг проблем е тоа што вработените во конфекционерската и во чевларската индустрија во Крива Паланка немаат право на годишен одмор. Него го има само на хартија.

Според информациите што ги имаме, голем дел од работниците се принудени да потпишуваат бланко-решенија на кои нема датум, ниту период за годишен одмор, туку само име и презиме. Ваквите незаконски решенија се само покритие за работодавците и можност за експлоатација на работничкиот труд и ускратување на работничките права.

Зошто се ликвидираат фирми и се отвораат нови на секои шест месеци, зошто нема исплата на К15, зошто се потпишуваат бланко-решенија за отказ, се само дел од прашањата на кои треба да одговорат надлежните.

Секако, доколку некој работник се обиде да побара одговор на овие прашања, како казна веднаш добива отказ.

Во интерес на граѓаните и заштитата на правата на работничката класа, потребна е брза реакција на надлежните институции.

Граѓаните очекуваат одговорност и одговори. Зошто не регираат трудовите инспектори?

Кој и зошто ги штити фирмите што ги прекршуваат работничките права во Крива Паланка“, праша Ивана Ристовска, член на ИО на ОО на СДСМ Крива Паланка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...