fbpx

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси забележа рекордни приноси на пченка

-

Петнаесетте производители на пченка од регионот, кои годинава првпат наводнуваа со системи „капка по капка“ донирани од УСАИД, успеаја да ги зголемат своите приноси за трипати (од 4 тони од еден хектар на 12 тони од еден хектар), додека земјоделецот Глигорче Алексов постигна рекорден принос во вардарскиот регион од 17 тони од еден хектар, информираат од УСАИД – Македонија. Поради ова се одржа и свеченост на која се обрати Барт Путни, заменик амбасадор на САД во Македонија, кој ја истака поддршката на САД за модернизација на земјоделството во земјата.

– Со подобрувањето на производството на пченка во Македонија, се овозможува прехранување на поголем број крави. Зголемувањето на бројот на крави, овозможува зголемено производство на млеко, а тоа, пак, овозможува ослободување од потребата за увоз на скапо млеко во прав. Како што се зачестува употребата на системот „капка по капка“ за наводнување на пченка ќе станат видливи и макроекономските придобивки. Зголемувањето на продуктивноста со време ќе ù овозможи на Македонија самостојно да ја задоволи целосната домашна побарувачка на пченка – рече Барт Путни, заменикот амбасадор на САД во Македонија.

– Годинава првпат наводнував со „капка по капка“ и извадив 17 тони зрно од еден хектар. Наредната година планирам да поставам систем на уште два-три хектари. Порано морав да купувам пченка за да ги нахранам кравите, но оваа година имам произведено доволно за да ги нахранам сите крави. Од наредната година полека ќе почнам да го зголемувам стадото. Претходно наводнував со прскалки, но предноста на системот „капка по капка“ е многу голема. Прскалките бараат многу работа затоа што постојано треба да се преместуваат, а со „капка по капка“ треба само еден ден за да се намести системот и потоа само повремено се врти вентил за да се вклучи – рече Глигорче Алексов, сточар и производител на пченка, која оваа година постигна рекорден принос во вардарскиот регион.

Во 2013 и во 2014 година, проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси ја почна иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ за модернизација на производството на пченка во Македонија. Како дел од иницијативата, беа донирани 120 системи „капка по капка“ и беа обучени 120 земјоделци за користење на добри земјоделски практики во одгледувањето пченка. Овие земјоделци успеаја да ги зголемат приносите на пченка за два-три пати. Иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ ќе се прошири во наредните две години со донирање дополнителни системи „капка по капка“ и со обуки за нивно соодветно користење.

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...