fbpx

Криел дрога под хауба

-

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 25-годишниот И.Н. од Скопје, кого го товари за неовластено производство и продажба на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори и за овозможување употреба на опојни дроги.

Пријавениот, на 6 јули годинава, отворајќи ја пред полициските инспектори хаубата од неговото патничко моторно возило „БМВ“, исфрлил најлон кеса со опојна дрога марихуана, што претходно ја сокрил под хаубата на моторот, до филтерот за воздух, информира портпарпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски.

Дополнително, кај пријавениот во чорапот од левата нога пронајдено е уште едно кесе со помало количество марихуана, како и дванаесет помали пакувања со синтетичка дрога „амфетамин“. Пронајден е и еден кујнски нож сокриен во патничкото моторно возило.
Настанот се случил на на улицата Владо Малески во Струга, каде пријавениот пристигнал со негов пријател од Скопје.

Тие имале средби со двајца наркозависници од Струга, со кои заеднички на повеќе крајезерски места се оддавале на употреба на наркотичните дроги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...