fbpx

И Борисов и Расмусен биле прислушувани за време на посетите во Македонија

-

Високи претставници на НАТО и на земји-членки на ЕУ биле прислушувани за време на своите посети во Македонија, изјавил лидерот Зоран Заев за бугарската новинска агенција „Фокус“.

На снимените разговори, кои ги поседува Заев, се наоѓал поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, за време на неговата посета на Скопје, на 22 мај 2014 година, како и бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој беше во Македонија на 17 февруари 2013 година, три дена пред неговата влада да поднесе оставка.

Заев за „Фокус“ открива дека снимките претежно содржат приватни разговори на високите претставници.

Средба на македонскиот премиер Никола Груевски, со бугарскиот колега Бојко Борисов
Средба на македонскиот премиер Никола Груевски со бугарскиот колега Бојко Борисов

Агенцијата пишува дека засега не се знае дали разговорите ќе бидат обелоденети на прес-конференција, пред лидерот на СДСМ да им ги предаде на Борисов и на Расмусен.

Заев досега им ги достави снимките од преслушуваните разговори на шест дипломати, меѓу кои, како што наведува „Фокус“, се двајца американски амбасадори, како и високи претставници на бугарската амбасада во Македонија. Претходно, Заев му ги достави снимените разговори и на италијанскиот амбасадор во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...