fbpx

ВМРО-НП: Импресионирани сме од помошта на Владата за ЗИК „Пелагонија“ од четири милиони евра

-

ВМРО-Народна партија изразува задоволство од брзата реакција на Владата на Република Македонија, која експресно донесе одлука за стопроцентно обештетување на земјоделците од поплавените подрачја од пелагонискиот регион.

„Особено сме импресионирани од висината на средствата од повеќе од четири милиони евра што му се доделени само на ЗИК „Пелагонија“, што изнесува повеќе од 75 отсто од вкупно предвидените шест милиони евра за сите земјоделци оштетени од поплавите во пелагонискиот регион. Со ова јасно се гледа посебната грижа на Владата за најголемиот земјоделски комбинат во Република Македонија да обезбеди континуиран прилив на средства. ВМРО-Народна партија е убедена дека овие повеќе од четири милиони евра ќе бидат максимално искористени за цели што однапред се предвидени“, се вели во соопштението од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.