fbpx

МВР: Заев откри највисока државна тајна

-

Денешната конструкција на четвртоосомничениот во аферата „Пуч“, Зоран Заев, ги потврдува сомненијата дека основната цел на агентурната мрежа и останатите инволвирани во случајот е рушење на институциите и на безбедносниот систем на Република Македонија, стои во реакцијата на Министерството за внатрешни работи по прес-конференцијата на лидерот на СДСМ.

МВР наведува дека осомничените за аферата „Пуч“ очекуваат ослабување на капацитетите и отворање на слободен простор за реализирање на нивните сценарија за уривање на слободната волја на граѓаните.

„Целата јавност денеска беше сведок на обид за директно инволвирање на официјални институции и пријателски служби од земји кои повеќепати ја докажале својата блискост со Република Македонија. За да не дозволиме јавноста да биде изманипулирана, сакаме да истакнеме дека тоа што денеска беше објавено претставува донација за опрема, не за следење на комуникации, туку опрема за припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи“, стои во реакцијата.

Во соопштението се наведува дека МВР добило помош во висина од 5.557.377 евра.

„Станува збор за повеќе од 5,5 милиони евра, туѓи пари, помош за поголема ефикасност на специјалните единици. За сето ова постои и официјален договор за донација, кој е класифициран со највисок степен како државна тајна. Четвртоосомничениот во аферата „Пуч“, со денешниот настап, покажа дека е против поголема ефикасност и поголема лична безбедност на полициските специјалци“, стои во реакцијата.

МВР во реакцијата, исто така, и му се извинува и на израелското Министерство за одбрана за денеска изнесените информации на прес-конференцијата на СДСМ.

– Министерството за внатрешни работи сака и јавно да се извини до израелското Министерство за одбрана за денешниот срамен настап на четвртоосомничениот и да изрази уверување дека ставовите на вакви луѓе не се и официјални ставови на Република Македонија. Се надеваме дека блиските односи и соработката ќе продолжат и во иднина на највисоко ниво“, се наведува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создадени само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...