fbpx
Македонија Страница 1564

Македонија

Германија очекува брзо разјаснување на одлуката на Иванов

Германската амбасада во Скопје денеска соопшти дека е длабоко загрижена поради најавата на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира и да ги амнестира политичарите. „Очекуваме принципот на владеење на правото да биде почитуван од сите страни. Се надеваме дека состојбата во државата и во општеството...

Камбовски: Ако Иванов донел таква одлука, извршил државен удар

Ако Иванов донел таква општа одлука за помилување, а не поединечни акти адресирани точно по име, презиме и за одредени кривични дела, тој постапил надвор од своите овластувања и извршил државен удар, смета академик Владо Камбовски, во изјавата за порталот „СДК“. „Ваква општа одлука од...

Сите аболиции во независна Македонија: Иванов ги надмина Трајковски и Црвенковски

Тројца од вкупно четворицата претседатели на државата во историјата на самостојна Македонија ја искористија аболицијата како правен инструмент за ослободување лица од кривично гонење уште пред осомничените да седнат на обвинителна клупа во судот. Единствен што не го употребил овој институт е првиот претседател на државата,...

ДС бара вонредна седница на Собранието за импичмент на Иванов

Демократскиот сојуз денеска ги повика сите пратеници да дојдат во Собранието и да почнат постапка за одржување вонредна седница за да се донесе одлука за престанување на важноста за самораспуштање на законодавниот дом и да се поведе постапка за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов. „Во...

Пломп: Отчетноста е клучна за решавање на политичкиот конфликт

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп синоќа реагираше на одлуката на претседателот Иванов да даде аболиција и амнестија на политичарите. „Отчетноста е клучна за решавање на политичкиот конфликт, за Пржино и пошироко. Незаконитоста не може да биде одговор. Целосна поддршка за Специјалното јавно обвинителство“, напиша Пломп на Твитер. https://twitter.com/wouterplomp/status/719991484246794240 Претседателот...

Осудениот во „Пуч“ експресно излегува од затвор по амнестијата на Иванов

Единствениот осуден во случајот „Пуч“, Ѕвонко Костовски, го напушта затворот „Идризово“ откако вчера од кабинетот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, до Основниот суд Скопје 1 стигнала одлуката за помилување, соопшти денеска судот. Судијата за извршување санкции веднаш ја доставил одлуката до затворот за извршување,...

Каменос и Бакојани се скараа за бегалската криза

Продолжуваат расправиите меѓу грчката влада и опозициските партии поради ситуацијата на Идомени и инцидентите со македонската полиција. Опозициските партии и понатаму бараат грчката влада да се повлече бидејќи, според нив, е целосно отсутна и не е дорасната да се справи со целата ситуација. На конференцијата на...

Бејли: Помилувањето ги штити корумпираните политичари

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска на својот твитер-профил, за одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги запре сите судски процеси што се водат против политичари во Македонија, рече дека е процес кој ги штити корумпираните политичари. Тој напиша: „Општо помилување без судски...

ЛП: Иванов создаде вонредна состојба и отвори пат за итна собраниска седница

Со одлуката на Ѓорге Иванов за прекинување на сите кривични постапки против политичаритe што се поврзани со политичката криза и со аферата за прислушање, тој директно го прекрши членот 9 од Уставот, се вели во соопштението на Либерална партија. Според нив, „со својот акт Иванов ги...

Денеска во 18 часот, нов протест против одлуката на Иванов

Протестот против одлуката на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, да ги помилува сите политичари против кои се водат истраги или правосудни постапки, продолжува и денеска во 18 часот, а почетокот е закажан пред просториите на Специјалното јавно обвинителство. Во објавата на „Фејсбук“ стои: „Продолжуваме со мирен...

Итна средба на Хан со Вајгл, Ховит и со Кукан за Македонија

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, утрово има итна средба со посредниците од Договорот од Пржино, европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, по вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине судските процеси против политичките лидери. Информацијата за средбата...

Пахор, Китаровиќ и Иванов во посета на македонско-грчката граница

Претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, кои престојуваат во посета на Македонија, денеска во придружба на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, ќе го посетат граничниот камен 59 на македонско-грчката граница. Двајцата претседатели се очекува да имаат средба и со полицајците од...

Сончево и топло време со температура до 29 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, а попладне облачноста ќе се зголемува од запад. Ќе дува слаб до умерен западен и југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 29 степени. Во Скопје се очекува слично време. Утринската...

Протестот во близина на седиштето на СДСМ заврши без инциденти

Протестот што се одржуваше во непосредна близина на седиштето на СДСМ официјално заврши. Симпатизерите и приврзаниците на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, излегоа да го изразат својот револт од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да аболира и да амнестира политичари со која се опфатени и Зоран Верушевски...

Паралелен протест во близина на седиштето на СДСМ

Неколку стотици граѓани вечерва мирно се собраа во непосредна близина на седиштето на СДСМ „за да го изразат своето незадоволство од политиката што ја води опозициската партија“, која според нив, ја втурнува државата во политичка криза. Полициски кордон е поставен на влезот на улицата која...

Тензично на протестите пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Тензична е атмосферата на протестот во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Неколку стотици демонстранти, кои пред еден час пристигнаа пред Владата, повторно се вратија пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓанските активисти кои таму беа собрани, гласно негодуваа кога им се приклучија лидерот СДСМ Зоран Заев...

Брисел: Партиите да најдат начини да се зачува Договорот од Пржино

Денешната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги сопре судските процеси против политичарите ја става под знак прашање посветеноста на Македонија кон промовирањето на владеењето на правото, порача вечерва Европската комисија. „Поранешната југословенска република Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да...

ГРОМ: Одлуката на Иванов ќе нанесе огромна штета врз правниот поредок

Граѓанската опција за Македонија денеска соопшти дека не се согласува со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да се прекинат судските процеси кои се водат против политичари. Според ГРОМ, секој кој го прекршил законот треба да биде санкциониран, без разлика дали е член на власта или...

Ахмети: Одлуката на таканаречениот претседател е непромислена и нема ништо да реши

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети оцени дека одлуката на како што го нарече „таканаречениот претседател“ Ѓорге Иванов да ги прекине судските постапки против политичарите нема ништо да реши. Ахмети рече одлуката на Иванов е избрзана и непромислена и дека побарал помош од Европската комисија за...

Протестот продолжува пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, демонстрантите се туркаат со полицијата

Со гласање демонстрантите одлучија протестот против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува политичари, да го продолжат пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во центарот на градот. Првата опција беше мирно расчистување на протестот на што граѓаните не се согласија, втората протестот да се продолжи...

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...