fbpx
Македонија Страница 1563

Македонија

СДСМ: „Фридом хаус“ потврдува дека Македонија назадува поради Груевски

Најновиот извештај на „Фридом хаус“ јасно и недвосмислено потврдува дека поради хибридниот режим на Никола Груевски, демократијата во Македонија назадува, нема слободни медиуми, нема независно судство, корупцијата се зголемува, претходните избори не се веродостојни, велат од СДСМ. „Најголемо назадување има во сферата на независноста на...

„Фридом хаус“: Македонија тоне на скалата на демократско владеење

Американската организација „Фридом хаус“, која ги следи состојбите со демократијата, политичките слободи и со човековите права, во својот извештај за 2016 година го оценува демократското владеење во Македонија со 4,29, што е најлош резултат за земјава во изминатите 10 години (Скалата на „Фродом хаус“ се...

Тоскас за Иванов: Добро би било да се внимава што се зборува

Македонските политичари треба да внимаваат што зборуваат, порача грчкиот министер за цивилна заштита, Никос Тоскас, во реакција на интервјуто на претседателот Ѓорѓе Иванов за грчката телевизија „Мега“. Во интервју за националниот сервис ЕРТ, на обвинувањата на Иванов дека Грција не се координира со Македонија...

Техничкиот премиер и лидерите на партиите 40 минути го чекаа Груевски на средба

Техничкиот премиер задолжен за изборите, Емил Димитриев, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, министерот за финансии, Зоран Ставрески, и лидерите на околу 30 партии членки на коалицијата За подобра Македонија, денеска 40 минути го чекаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за да може да...

Нов случај на вирусот ХИВ во Штип

Од клиниките во Скопје до Институтот за јавно здравје во Штип е пријавено дека кај 34-годишен штипјанец е утврдено дека е носител на вирусот на ХИВ. Пријавата стигнала пред десетина дена. Пациентот е заведен под шифра и освен полот и возраста, другите податоци не...

Платформа против корупција: ДКСК да го објави анкетниот лист на Груевски

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) да го почитува законот врз основа на кој е формирана, што е нејзина основна надлежност и грижа, а сè за да се заштити јавниот интерес, јавно повикуваат од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Оттаму остро реагираат...

Судијата од „Тврдина“ на боледување, не се знае кога пак ќе ја повика Јанкулоска

Судијата на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за мерките на претпазливост на четворица од осомничените во случајот „Тврдина“ до вчера бил на боледување, откако во средата минатата недела, му се слоши за време на сослушувањето на...

СДСМ: Европските социјалисти ги поддржуваат нашите заложби за фер и демократски избори

Партијата на eвропски социјалисти (ПЕС) изразила целосна поддршка на заложбите на СДСМ за одржување фер, демократски и веродостојни избори, информираат од СДСМ. Од опозициската партија велат дека од ПЕС изразиле длабока загриженост од одлуката на Владата да се распушти Собранието и бараат власта да вложи максимални напори...

Гласачите што не биле дома повторно се проверуваат во базата на податоци на ДИК

ИТ-тимовите на Државната изборна комисија (ДИК) сè уште административно (со вкрстени проверки) ги проверуваат повеќе од 41.435 лица што не биле пронајдени дома при теренската проверка. По проверката, членовите на ДИК треба да го разгледаат извештајот на јавна седница, која ќе се одржи попладневно. Како што вчера соопшти ДИК,...

Политичката криза ја намали цената на свежото млеко

Револт и незадоволство владеат меѓу фармерите во Пелагонија откако најголем дел од млекарниците ја намалиле цената за откуп на свежото млеко. Намалувањето, во просек, е за два денари по литар, така што сега цената по која се откупува млекото од фармерите е намалена на 14-15 денари...

Грчката полиција ги засилува проверките кај Идомени

Грчките полициски сили се засилени поради информациите дека е можен нов протест денеска во кампот кај Идомени. Во Грција има информации дека низ кампот се шират гласини и повици за нов масовен протест покрај македонската ограда. По седумчасовните инциденти во неделата, во кои се судрија...

Китаровиќ и Пахор во дводневна посета на Македонија

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, и претседателот на Словенија, Борут Пахор, денеска и утре ќе престојуваат во Македонија. За денеска е најавена трилатерална средба со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Средбата ќе се одржи во кабинетот на претседателот, а по состанокот тие ќе се сретнат и со...

Сончево и топло време со температура до 24 степени

Времетo ќе биде сончево и топло, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 3 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 19 до 27 степени. Во Скопје се очекува слично време, со утринска температура до 5 Целзиусови...

Иванов: Наместо демарш, Грција требаше да ни испрати информации за бегалците

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, возврати на критиките на грчката влада. Во интервју за грчката телевизија „Мега“, Иванов ја обвини Грција дека не соработува околу бегалската криза, не се координира, ниту ги информира македонските власти. Според него, доколку грчките власти ја известеле Македонија околу...

МНР му врачи нота на грчкиот амбасадор

Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска упати нота до Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, како одговор на вчерашниот вербален демарш од страна на шефот на Канцеларијата, амбасадорот Теохарис Лалакос, која му беше врачена лично на разговор во Министерството. „Македонските безбедносни сили...

Димитриев му одговори на Спасовски: Што не Ви е јасно, одлуката на Владата е законска

„Реагирате пет дена откако Владата ги донесе цитираните одлуки. Пет дена потоа. Реакција пет дена потоа докажува и колку сте посветен или непосветен на работата и станува јасно дека единствена цел на Вашата реакција е обид за правење реклама, но и ми покажува дека...

Чавков испрати телеграма до БЈБ и до УБК за враќање на разрешените началници

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, денеска испратил телеграма до директорите на Бирото за јавна безбедност и до Управата за безбедност и контраразузнавање, како и до повеќе оддели во МВР, со која ги информирал дека се должни веднаш да ја вратат воспоставената претходна...

Грабар-Китаровиќ, Пахор и Иванов утре во посета на кампот „Винојуг“

Претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, кои утре доаѓаат во посета на Македонија, заедно со нивниот домаќин, Ѓорге Иванов, ќе го посетат привремениот прифатен центар за мигранти „Винојуг“ кај Гевгелија, потврдија за „Мета“ од кабинетот на македонскиот претседател. Како што...

ДИК бара решение за повеќе од 40.000 спорни гласачи што не биле најдени дома

Анкетарите при теренската проверка се сретнале со 35.481 гласач, со 41.435 не се сретнале, а за 10.436 не е даден одговор на прашањето дали се сретнале или не, стои во извештајот за теренската проверка на избирачкиот список. Од проверените гласачи, 8.878 се на привремена работа...

Спасовски до Димитриев: Со самовластието и со хаосот ја продлабочувате политичката криза

Одлуката на Владата за укинување на решенијата донесени од Министерството за внатрешни работи во периодот од 11 ноември минатата година до 7 април годинава е донесена во нелегитмина постапка, надвор од законите и од деловникот за работа на владата, вели министерот за внатрешни работи,...

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...