fbpx

МНР му врачи нота на грчкиот амбасадор

-

Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска упати нота до Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, како одговор на вчерашниот вербален демарш од страна на шефот на Канцеларијата, амбасадорот Теохарис Лалакос, која му беше врачена лично на разговор во Министерството.

„Македонските безбедносни сили за време на вчерашните насилни инциденти постапија со максимална можна воздржаност, одговорност и професионализам и притоа дејствуваа сразмерно на безбедносниот предизвик од насилните протести и агресивните обиди на поголеми групи на мигранти илегално да ја преминат грчко-македонската граница, вклучително преку пробивање на граничната заштитна ограда“, се вели во нотата на Министерството за надворешни работи.

За избегнување на вакви инциденти во иднина, Министерството за надворешни работи побарало засилен ангажман и соработка од страна на полициските и безбедносни власти на Грција, превентивно дејствување и навремено споделување на релевантни информации и сознанија во правец на обесхрабрување на насилни протести на мигрантите и спречување на нивен нелегален премин од грчка на македонска територија.

Од Министерството велат дека воспоставувањето ред и правен поредок во пограничната зона во и околу мигрантскиот камп во Идомени е од суштествено значење за спречување на идни инциденти.

Реакцијата на македонското МНР доаѓа по изјавите на највисоките грчки функционери кои остро ја критикуваа Македонија за инцидентите на границата.

Прво грчкиот претседател Прокопис Павлопулос остро забежа дека со насилниот однос кон бегалците Македонија покажала дека не заслужува да биде членка ниту на ЕУ ниту на НАТО, а веднаш потоа грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека „голем срам и за Европа и за Македонија се вчерашните инциденти на Идомени“.

Ципрас остро ја критикуваше Македонија што нападнала невооружени бегалци, кои, според него, воопшто не претставувале опасност за државата и ги осуди насилните инциденти во кампот на Идомени.

Тој истакна дека вчерашните инциденти поставуваат два нови предизвици за грчката влада. Едниот од нив се странските активисти, кои, според Ципрас, живеат некаде околу Гевгелија и поттикнуваат протести меѓу бегалците, а вториот предизвик е ставот на македонската полиција, која насилно нападнала бегалци кои немале оружје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...