fbpx

Судијата од „Тврдина“ на боледување, не се знае кога пак ќе ја повика Јанкулоска

-

Судијата на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за мерките на претпазливост на четворица од осомничените во случајот „Тврдина“ до вчера бил на боледување, откако во средата минатата недела, му се слоши за време на сослушувањето на Гордана Јанкулоска.

Од Основниот суд Скопје 1 за „Мета“, не можеа да потврдат дали судијата денеска се вратил на работа. Тој треба да одлучи кога ќе продолжи со сослушувањето, а од судот велат дека тоа најрано може да се случи кон крајот на оваа работна недела, односно в четврток или в петок.

– Судијата на претходна постапка кој го води предметот користи денови од боледување. Кога ќе испрати покани до странките и кога ќе продолжи постапката, одлучува судијата – ни рекоа од Основниот суд Скопје 1.

Сослушувањето на осомничните во случајот „Тврдина“ почна во средата минатата недела, но по околу четири часа тоа беше прекинато бидејќи судијата не се чувствуваше добро, а интервенираше и екипа на итната медицинска помош.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од осомничените во случајот, по излегувањето од судот изјави дека не се чуствува виновна, а за истрагите на Специјалното јавно обвинителство искоментира дека се дел од политичката агенда на СЈО и дека очекува во наредниот период да има уште истраги.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...