недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: случај Тврдина | 36 резултати

Мијалков даде збор дека редовно ќе се јавува во суд

јули 17, 2017

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, денеска пред тричлениот совет на Апелацискиот суд Скопје изјави дека нема зошто да бега од државата, бидејќи е убеден во својата невиност и оти верува дека во понатамошната постапка и судот ќе го увиди тоа, пренесува „Нова ТВ“. Апелацискиот суд денеска ги разгледува жалбите […]

Мијалков остана без пасош, одлуките за притворите во „Титаник“ – утре

јули 2, 2017

Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 го отфрлија како неосновано и барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој е првообвинет во случаите „Трагет“ и „Тврдина“, што СЈО ги спои во едно обвинение. Бараната мерка притвор, како што соопшти денеска […]

СЈО во УБК проверува дали и по „бомбите“ незаконски се прислушувало

октомври 20, 2016

Специјалното јавно обвинителство вчера и денеска се обидува да провери и да утврди дали системите за прислушување, кои се активни во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), и понатаму се злоупотребуваат, односно се користат за незаконско следење на комуникациите. Двата судски налози со кои СЈО влезе во УБК се однесуваат на документацијата и на книгата […]

СЈО: На Јанкулоска и кажавме дека има право на увид во доказите и ќе и ги дадеме неделава

август 17, 2016

На поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, од обвинителите на Специјалното јавно обвинителство и било предочено дека има право на увид во доказите против неа, пред да даде исказ, велат за „Мета“ од СЈО. Јанкулоска се повикала на ова право, по што распитот, кој требаше да се одржи денеска, е одложен, а увидот во […]

Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО и за другите осомничени во „Тврдина“

август 4, 2016

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и го потврдил решението на судијата на претходна постапка да не им одреди мерки на претпазливост на тројца од осомничените во случајот „Тврдина“. „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалба на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани […]

Нема мерки на претпазливост за Јанкулоска, Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО

јули 27, 2016

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврдил одлуката на судијката Александра Поп-Стефанија да не ѝ одреди мерки на претпазливост на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од осомничените во случајот „Тврдина“. СЈО бараше од судот на Јанкулоска да ѝ биде одземен […]

Поп-Стефанија го одби барањето на СЈО и не ѝ го одзеде пасошот на Јанкулоска

јули 20, 2016

Судијката Александра Поп-Стефанија го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и не ѝ одреди мерки на претпазливост на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од осомничените во случајот „Тврдина“. СЈО бараше од судот на Јанкулоска да ѝ биде одземен пасошот, да ѝ се определи забрана за напуштање на живеалиштето и […]

„Тврдина“ останува кај Поп-Стефанија, Апелација ја одби жалбата на СЈО

јули 8, 2016

Апелацискиот суд Скопје ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на одлуката на претседателот на Кривичниот суд да не го прифати барањето за изземање на судијката Александра Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“, соопштија денеска од судот. Второстепениот суд ја одбил жалбата на СЈО како неоснована и ја потврдил одлуката на Основниот суд Скопје 1. „Постапувајќи […]

Судот го одби барањето на СЈО за изземање на Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“

јуни 27, 2016

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на судијката Александра Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“, информираше попладнево судот. Одлуката, како што велат оттаму, ја донел заменик-претседателот на судот, Ивица Стефановски, бидејќи претседателот Владимир Панчевски бил на одмор. „Во отсуство на претседателот на судот, кој користи денови од годишниот одмор, […]

Нема притвор за Грујовски, Поп-Стефанија само му го одзеде пасошот

јуни 23, 2016

Судијката Александра Поп-Стефанија го одбила барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за притвор на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, Горан Грујовски, и донела одлука на началникот на петтата управа на УБК да му биде одземен само пасошот, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. „Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични […]

СЈО бара изземање на Поп-Стефанија, судот има три дена да одлучи

јуни 23, 2016

Судијката Александра Поп-Стефанија го прекинала сослушувањето на осомничените во случајот „Тврдина“, по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за нејзино изземање од предметот, соопшти Основниот суд Скопјe 1. „Судијата на претходна постапка, пред да заврши со распитот на еден од повиканите лица по повод предлогот поднесен од страна на Јавното обвинителство за гонење кривични дела […]

Јанкулоска: Сосема сум спокојна, истрагите на СЈО се нарачка од СДСМ

јуни 23, 2016

Сосема сум спокојна бидејќи немам направено никакво кривично дело и во целокупниот период додека бев на функција во Министерството за внатрешни работи, работев професионално, изјави поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, по распитот пред судија на претходна постапка. Распитот на Јанкулоска, која е третоосомничена во случајот „Тврдина“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), […]

Кривичниот совет ја укина одлуката на судијката Поп-Стефанија за „Тврдина“

јуни 20, 2016

Судија на претходна постапка повторно ќе одлучува по барањата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за притвор на Горан Грујовски и за мерките за претпазивост против другите осомничени во случајот „Тврдина“, откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифатил жалбата на СЈО и ја укинал претходната одлука на судијката Александра Поп-Стефанија. „Жалбата на Јавното […]

Судот реагира на собирот на ГДОМ: Протестот е право, заканите се притисок

јуни 20, 2016

Демократско право на секој граѓанин е да го изрази своето незадоволство преку јавен протест, велат од Основниот суд Скопје 1 во врска со денешниот протест на ГДОМ пред судот против решението за куќен притвор за битолскиот градоначалник Владимир Талески и додаваат дека, како и досега ги осудуваат насилните протести и заканите со кривични пријави кон […]

СЈО: Апсурдни се тврдењата дека мора да има „бомба“ за да бидеме надлежни за „Тврдина“

јуни 16, 2016

Апсурден и нелогичен е ставот и тврдењето на судијата кој ја спори надлежноста на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тврдина“ и врз сонова на кој ги одби барањата за одредување притвор за Горан Грујовски и за мерки на претпазливост за другите четворица осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, велат од […]

Судот бара да ја чуе „бомбата“ за да одреди притвор за Грујовски и за Јанкулоска

јуни 15, 2016

Судијата на претходна постапка ги отфрли барањата на Специјалното јавно обвинителство и не му одреди притвор на Горан Грујовски, како и мерки на претпазливост на другите четворица осомничени во случајот „Тврдина“, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по предлози за […]

СЈО до судот: Барањето за притвор на Грујовски е во ред, вие го проблематизирате

јуни 13, 2016

Специјалното јавно обвинителство одговори на барањето на Кривичниот суд за доуредување на предлогот за притвор за Горан Грујовски, осомничен во случајот „Тврдина“, односно одредување мерки на претпазливост за другите четворица осомничени, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Судот во петокот побара од СЈО во рок од три дена да го доуреди […]

Судијата на Јанкулоска од боледување замина на одмор

мај 20, 2016

Судијата што го водеше случајот „Тврдина“ се вратил од боледување, на кое беше подолго време. Нему му се слоши на почетокот на април за време на распитот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од осомничените во случајот кој го отвори СЈО, потврдија за „Мета“ од Кривичниот суд. Сепак, иако е […]

Јанкулоска доби аболиција и докторат, а судијата што ја сослушуваше уште боледува

април 27, 2016

Судијата на претходна постапка што го водеше предметот за случајот „Тврдина“ е сè уште на боледување, потврдуваат за „Мета“ од Кривичниот суд во Скопје, откако пред точно 20 дена му се слоши за време на сослушувањето на осомничените во случајот, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Кога судијата ќе се врати […]

Судијата од „Тврдина“ на боледување, не се знае кога пак ќе ја повика Јанкулоска

април 12, 2016

Судијата на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за мерките на претпазливост на четворица од осомничените во случајот „Тврдина“ до вчера бил на боледување, откако во средата минатата недела, му се слоши за време на сослушувањето на Гордана Јанкулоска. Од Основниот суд Скопје 1 за „Мета“, не можеа […]

Страна 1 од 2