fbpx

Кривичниот суд се дообјаснува зошто нема притвор за напаѓачите во М-НАВ

„Јавноста мора да знае дека судот постапува пред се врз основа на приложената документација/докази доставени од ОЈО и МВР и врз основа на слободно судиско убедување“, стои во соопштението од Кривичниот суд

-

Основниот кривичен суд од Скопје денеска преку соопштение објаснува за причините поради кои го одбило предлогот на обвинителството за определување на притвор за Беким Незири и уште три осомничени лица за упадот во М-НАВ и нападот врз контролор на летање на своето работно место. Наместо притвор, судот во петокот им определи мерки на претпазливост на овие лица.

„Јавноста мора да знае дека судот постапува пред се врз основа на приложената документација/докази доставени од ОЈО и МВР и врз основа на слободно судиско убедување“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Од судот велат дека неспорно е оти настан од кривично правен аспект постоел, па затоа со цел да се овозможи непречено водење на кривичната постапка односно истрага од страна на надлежен обвинител, судот смета дека е неопходно да се обезбеди присуство на осомничените лица.

„Потребно е да се знае дека во наредбата за истрага за конкретниот настан опфатени се 8 лица, а до овој момент доставен е предлог за определување мерки за обезбедување присуство, како и докази за нивна инволвираност, само за четворица“, се додава во соопштението од Кривичниот суд.

Од судот додаваат дека осомничените лица се обвинети по член 303 став 2 од Кривичниот законик,а според доставените докази за преземените дејствија не произлегува дека осомничените лица во целост го исполниле кривичното дело, односно со нивните дејствија можеле да предизвикаат тешка повреда, смрт или уништување или оштетување на уреди, објекти или воздухоплов кој не е во сообраќај а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќаај.

„Имено од страна на ОЈО Скопје не се доставени докази – медицинска документација за наводно предизвиканите повреди, нема записник за примање на кривична пријава од оштетениот. Истиот не е сослушан пред ОЈО Скопје, ниту пак се доставени докази дали навистина е настаната тешка повреда и од каков вид е истата. Понатаму не е наведен начинот како преземените дејствија предизвикале или можеле да предизвикаат уништување или оштетување уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај“, стои во соопштението од Кривичен суд.

Од судот додаваат дека според вонредниот инспекциски надзор на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), утврдено е дека не постои никакво нарушување или загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, а исто така не постои никаков пријавен настан или сериозен инцидент во врска со одвивањето на безбедноста на воздушниот сообраќај, како што и изјави директорот на Агенцијата – Томислав Тунтев.

Од судот велат дека самиот предлог на обвинителот воопшто не води во правец на посоченото кривично дело, но според доставените докази произлегува дека во конкретниот случај осомничените лица презеле одредени дејствија кои дополнително треба да се истражуваат, но не во контектст на наведеното кривично дело за кои според ОЈО постои основано сомненевање.

„Па заради тоа, се со цел да се доразјаснат и утврдат сите правно релевантни факти во конкретниот настан кој се случил на 04.01.2024 година, судијата на претходна постапка определи мерки на обезбедување присуство од поблаг вид. Воедно потребно е да се напомене дека, по добиената жалба од ОЈО Скопје за изречените мерки, дополнително ќе одлучува Кривичниот совет, кој може да ја потврди или преиначи одлуката“, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

За Беким Незири и уште тројца Кривичен суд определи мерки за претпазливост

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...