fbpx

Китаровиќ и Пахор во дводневна посета на Македонија

-

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, и претседателот на Словенија, Борут Пахор, денеска и утре ќе престојуваат во Македонија.

За денеска е најавена трилатерална средба со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

Средбата ќе се одржи во кабинетот на претседателот, а по состанокот тие ќе се сретнат и со претседателите на политичките партии во Македонија.

Утре тројцата претседатели ќе го посетат транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, каде што ќе се сретнат со полициските службеници на Хрватска и на Словенија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...