fbpx

Германија очекува брзо разјаснување на одлуката на Иванов

-

Германската амбасада во Скопје денеска соопшти дека е длабоко загрижена поради најавата на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира и да ги амнестира политичарите.

„Очекуваме принципот на владеење на правото да биде почитуван од сите страни. Се надеваме дека состојбата во државата и во општеството правно и политички нема да се заострува понатаму и дека јавната безбедност ќе остане сочувана. Освен тоа, Сојузната влада се надева на брзо разјаснување на правните и политички прашања, кои произлегуваат од најавата на претседателот на државата“, стои во реакцијата од Амбасадата на Германија.

Во соопштението се наведува дека работата на Специјалното јавно обвинителство мора да продолжи и оти тоа е клучно за стабилизирањето на државата.

„Од особено значење е Специјалното јавно обвинителство, како што е предвидено со Договорот од Пржино, да може непречено да ја продолжи својата исклучително важна работа за институционално стабилизирање на државниот систем, која многу се цени од голем дел од македонското општество и од меѓународната заедница. Покрај тоа, сите партии би требало да ги засилат своите напори за создавање минимум услови за избори, соодветни на европските стандарди“, стои во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...