Демократскиот сојуз денеска ги повика сите пратеници да дојдат во Собранието и да почнат постапка за одржување вонредна седница за да се донесе одлука за престанување на важноста за самораспуштање на законодавниот дом и да се поведе постапка за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов.

„Во согласност со Уставот на Република Македонија и со деловникот за работа на Собранието, одржување вонредна седница можат да побараат 20 пратеници, по што претседателот на Собранието мора да свика седница. На седницата, Собранието треба да донесе одлука за престанување на важноста на одлуката за самораспуштање на Собранието, како и да почне постапка за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов кој одлучи да аболира политичари под сомневање дека фалсификувале избори, направиле грабеж од неколку стотици милиони евра, прислушувале илјадници граѓани и ги загрозиле перспективите на државата“, стои во соопштението на ДС.

Партијата го повикува Иванов да ја поништи одлуката за аболиција и да поднесе оставка.