Итна средба на Хан со Вајгл, Ховит и со Кукан за Македонија

-

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, утрово има итна средба со посредниците од Договорот од Пржино, европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, по вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине судските процеси против политичките лидери.

Информацијата за средбата ја соопшти Ховит, кој на „Твитер“, покрај фотографијата од средбата, напиша дека наскоро ќе следува и соопштение од средбата.

По него, на Твитер се огласи и еврокомесарот Хан, кој исто така сподели фотографија од средбата и напиша дека раговараат за политичката ситуација во Македонија.

Хан и Ховит вчера ја осудија одлуката на Иванов, велејќи дека тоа предизвикува сериозна загриженост за владеењето на правото во земјава.

Европратеникот Ховит предупреди на многу сериозни последици доколку некоја од партиите или поединец е одговорен за прекршување на Договорот од Пржино, додека Хан рече дека по последните случувања, има сериозен сомнеж дали веродостојни избори сè уште се можни.

Иванов во обраќањето до нацијата објасни дека одлуката ја донел сам и оти таа има цел да стави крај на политичката криза, која не успеала да се реши со Договорот од Пржино.

Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на својата страница на Фејсбук денеска објави дека нов сопственик на клубот со 85 отсто од акциите на клубот, е Атила Бижен Жалили. Тие го пренесуваат...