fbpx

Каменос и Бакојани се скараа за бегалската криза

-

Продолжуваат расправиите меѓу грчката влада и опозициските партии поради ситуацијата на Идомени и инцидентите со македонската полиција. Опозициските партии и понатаму бараат грчката влада да се повлече бидејќи, според нив, е целосно отсутна и не е дорасната да се справи со целата ситуација.

На конференцијата на грчко-американската комора, ексшефицата на дипломатијата и пратеничка на Нова Демократија, Дора Бакојани, истакна дека е неприфатливо тоа што се случува на границата, коментирајќи дека во Идомени државата и државните органи се целосно отсутни и пасивни.

– Во Грција денес, сликата која постои и во внатрешноста и надвор од државата е дека не постои држава. Неприфатливо е за граѓаните на оваа држава да гледаат како скопјани влегуваат од нивна територија и напаѓаат со куршуми. Грчка контрола на Идомени за тоа кој влегува од север на југ не постои – истакна остро Бакојани.

На истата конференција, на нападите на опозицијата реплицираше министерот за одбрана, Панос Каменос. Тој објасни дека сликата со бегалците постепено се менува, значително е намален бројот на бегалци што влегуваат во Грција, односно од илјадници дневно, сега влегуваат по околу 80 луѓе. Истакна дека во овој момент има слободни 7.000 места во бегалските центри каде може да се сместат бегалците од Идомени, но обвини дека има извесни лица во Грција кои инсистираат да ги спречат бегалците да заминат во центрите каде ќе им биде овозможен подобар живот, храна и безбедност отколку во камповите во Пиреја и во Идомени. Каменос апелираше дека погрешната слика за бегалската криза што се создава со овие работи ќе влијае значително на туризмот во државата.

Критика кон владата, но и за односот на македонската полиција упати и поранешниот вицепремиер од ПАСОК, Теодорос Панглалос, коментирајќи дека грчката владата не прави ништо да им помогне на бегалците што нелегално се враќаат од Македонија во Грција.

– Кога овие несреќни луѓе влегоа во Скопје, потегнати од некои солидарни активисти, кои ги злоупотребуваат, откако скопјаните ги истепаа и ги фрлија на кучињата, само уште еден доказ на нивната култура, ја отворија оградата и ги вратија на грчка територија, значи дејствуваа еднострано, врз товар на грчката граница. Ниту грчката полиција, ниту грчката војска беа таму да ги спречат во тоа – истакна Пангалос во интервју за радиото „Вима ФМ“.

Телевизијата „Скај“ јавува дека денеска забележале група од 30-40 бегалци кои од Македонија се враќале на Идомени. Според извештајот, бегалците им кажале дека биле три дена во Македонија, меѓутоа македонската полиција ги фатила и ги вратила преку дупката во оградата назад во Грција, наместо по официјален пат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...