fbpx
Македонија Страница 1559

Македонија

Плевналиев во разговор со Иванов изразил загриженост за случувањата во Скопје

Бугарскиот претседател, Росен Плевналиев, во телефонски разговор со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, изразил загриженост за случувањата во Скопје и надеж за намалување на тензиите. „Како добар сосед и во својство на претседател на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, Бугарија е подготвена да соработува...

Охридскиот советник Дејан Блажески го повика Бранко Азески да се огради од одлуката на Иванов

Дејан Блажески, член на Советот на Општина Охрид, јавно побара од претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, кој воедно е член и на Економскиот совет на Општина Охрид, да тргне по примерот на Стопанската комора на Северозападна Македонија и во името на...

Аманатидис: Спорот за името не може да се реши со иредентизам и со фалсификување на историјата

Заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Јанис Аманатидис, испрати јасна порака до Македонија дека Грција нема да го прифати само уставното име како решение за спорот за името. Одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот на Златна зора, Илијас Панајотарос, кој ја обвинува грчката влада...

Вељаноски денеска треба да ги распише изборите

Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на РМ, денеска треба да ги распише предвремените парламентарни избори, кои е предвидено да се одржат на 5 јуни. „Во согласност со одлуката за распуштање на Собранието, јас, како претседател, водејќи се врз основа на уставните рамки за распишување избори,...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе предложиме Иванов да ја преиспита одлуката за помилување

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи четирите најголеми политички партии до претседателот Ѓорге Иванов да испратат писмо во кое ќе побараат тој да ја преиспита одлуката за помилување. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека одлуката на Иванов не е во согласност со заложбите на нивната партија. „Нашиот став е...

Денеска топло со температура до 26 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево. Во западните делови ќе има мала до умерена облачност. Ќе дува повремено засилен ветер од северозападен правец, кој попладне ќе го промени правецот во југоисточен. Утринската температура ќе се движи од 5 до 12 Целзиусови степени, а дневната од...

Без поголеми инциденти меѓу демонстрантите и полицијата, заврши протестот пред Владата

По неколку мали провокации меѓу полицијата и демонстрантите и искршено стакло на редакцијата на неделникот „Република“, заврши протестот на граѓаните пред зградата на Владата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во денешните протести, повредени се петмина полицајци, а еден демонстрант е приведен. Тие со пишани...

Талески: СЈО е тенденциозно и без правни аргументи

Нема правни аргументи во истражната постапка на Специјалното јавно обвинителство, вели битолскиот градоначалник, Владимир Талески, во врска со новата истрага што денеска ја обелодени тимот на Катица Јанева во случајот „Транспортер“ за злоупотреба на средства за автобускиот превоз на учениците. Попладнево Талески ги повика дел...

ГДОМ: Нема да дозволиме странски сили да ни ја диктираат судбината

Неколку илјади граѓани организирани од граѓанското здружение ГДОМ вечерва се собраа во непосредна близина на седиштето на СДСМ за да го изразат, како што велат, незадоволството од политиките на СДСМ. Со извици „Никој ништо не ти може Никола“ и „ВМРО“, тие мирно протестираа. Пред нив...

Тензично кај ТЦЦ „Плаза“, демонстрантите ја пробија оградата и фрлаат запалени факли

Тензично е пред ТЦЦ „Плаза“ откако дојде до близок судир меѓу демонстрантите и полицијата. Тие успеаја да ја тргнат оградата пред полицискиот кордон. Демонстрантите почнаа да фрлаат запалени факли, шишиња и камења кон полицискиот кордон. Тие извикувајќи „Нема првада, нема мир“, од Собранието, од каде почна протестот,...

Граѓанските организации пред Собранието побараа негово свикување и одложување на изборите

Прочистување на избирачкиот список, државата да се одвои од партиите, слободни медиуми, обвинение за секој криминал, побараа 82 невладини организации на денешниот протест пред Собранието. - Бараме свикување на Собранието, одложување на изборите од 5 јуни на неопределено време, ангажирање на техничка влада што ќе...

Демонстрантите тргнаа кон ПС – Беко, каде се приведените од синоќешните протести

Граѓанските активисти на денешниот протест потсетија на прекумерна уптреба на сила од страна на полицијата, при што беа повредени новинари и фоторепортери, а беа приведени и 13 активисти на кои, според нив, не им се знае судбината. Демонстрантите од Собранието тргнаа кон полициската станица Беко, каде...

ОБСЕ: Истрагите на СЈО и судските процеси мора да продолжат

Претседателот соопшти дека неговите намери се да придонесе за решавање на тековната криза, но, сепак, граѓаните имаат право да видат дека политичка и правна одговорност е понесена, вели шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, по повод одлуките на претседателот Ѓорге Иванов...

Граѓаните се собираат на протест за оставка на Иванов, Собранието под силно обезбедување

Голем број луѓе се собираат пред Собранието на Република Македонија, каде што ќе се одржи протестот на граѓанските организации кои бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов, итно свикување на Собранието и одложување на изборите. Забележливо е големо присуство на полицијата, која со огради ги чува...

СДСМ: Иванов дрско ја лаже јавноста

„Претседателот Ѓорге Иванов нека ја објави снимката од состанокот на Советот за безбедност, одржан на 10 мај минатата година, веднаш по настаните во Куманово. Тaа е уште еден доказ за лагите на Иванов“, стои во реакцијата на СДСМ на изјавата на претседателот во денешното...

Иванов: Кој не сака аболиција, нека ми пише

Во интервјуто со уредниците на националните телевизии, кое се емитуваше на јавниот сервис, претседателот Ѓорге Иванов рече дека историјата ќе суди дали бил во право и со одлуката за аболиција го сочувал државниот интерес или поаѓал од личен интерес. „Наместо оваа година да славиме јубилеј...

Помилувањата на Иванов стигнаа во Кривичниот суд во Скопје

Попладнево во Основниот суд Скопје 1 биле доставени сите одлуки на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција на политичари и на нивни соработници против кои се водат предистражни, истражни и судски постапки. Како што информираат од судот, сите одлуки сосе решенијата за конкретните предмети...

Орав: Мора да се почитува правото на демонстрации, но тие мора да бидат мирни

Евроамбасадорот Аиво Орав денеска порача дека мора да се почитува правото на демонстрации, но оти тие мора да бидат мирни. „ЕУ се залага за слобода на изразување и за мирни демонстрации. Државата е обврзана да ги почитува, заштитува и да ги промовира правата на слобода...

Лидингтон: Не сме сигурни дека во Македонија има услови за избори на 5 јуни

Британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон, го повика македонскиот претседател Ѓорге Иванов да ја повлече својата одлука за помилување лица за кои се води истрага. „Претседателската одлука од 12 април, да се помилуваат индивидуи што во моментов се под истрага поради обвиненија за злоупотреба, е прашање...

Иванов: Постои реална закана за ликвидација на двајца лидери на партии

Постои реална закана за физичка ликвидација на двајца лидери на партии, рече претседателот Ѓорге Иванов на заедничкото интервју со главните уредници на неколку македонски телевизии во неговиот кабинет. Тој рече дека не може да ги каже имињата, но дека службите ги знаат и дека тие...