fbpx

Иванов: Кој не сака аболиција, нека ми пише

-

Во интервјуто со уредниците на националните телевизии, кое се емитуваше на јавниот сервис, претседателот Ѓорге Иванов рече дека историјата ќе суди дали бил во право и со одлуката за аболиција го сочувал државниот интерес или поаѓал од личен интерес.

„Наместо оваа година да славиме јубилеј 25 години од нашата независност, да се радуваме на успех на нашите генерации што конечно сме воспоставиле држава, ние сакаме однатре да ја уриваме“, истакна Иванов.

Претседателот рече дека е лесно да се заведе толпа, но дека таа тешко се контролира.

„Јас знам дека тие се млади деца кои влегле и ја запалиле народната канцеларија, тоа не е моја лична канцеларија, тоа е канцеларија на граѓаните. Илјадници луѓе добија помош и поддршка од таа канцеларија. Илјадници млади деца се промовираа и се едуцираа преку таа канцеларија. Им ја убивате надежта на сите нив“, рече Иванов.

Според него, одговорноста за вчерашните случувања на протестот пред неговата канцеларија е на политичките лидери. Тој ги повика лидерите кај него на средба за да го вратат дијалогот во институциите.

„На улиците може да се изрази револт или несогласување, но не и насилство и кршење и уништување на државниот имот. Секој што кршел ќе си сноси одговорност за тие постапки“, рече Иванов.

Претседателот Иванов не одговори конкретно на прашањето дали со неговата одлука за аболиција помогнал да се смири ситуацијата или само направил полошо.

„Никој нема проблем со македонското име, тоа се покажа и со мигрантската криза. Дури и грчки министри почнаа да го користат. Еве, денеска имавме нарушувања на воздушниот простор од грчки воени авиони. Тоа покажува сила, ароганција и надмоќ и чиј диктат треба да се задоволи“, рече Иванов.

Тој, исто така, рече дека сите што не сакаат да бидат аболирани, можат да достават писмено барање до неговата архива, а правниот тим ќе бара основа да ја исправи грешката.

Иванов не одговори на прашањето дали во идниот период ќе има и други аболиции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...