fbpx

Демонстрантите тргнаа кон ПС – Беко, каде се приведените од синоќешните протести

-

Граѓанските активисти на денешниот протест потсетија на прекумерна уптреба на сила од страна на полицијата, при што беа повредени новинари и фоторепортери, а беа приведени и 13 активисти на кои, според нив, не им се знае судбината.

Демонстрантите од Собранието тргнаа кон полициската станица Беко, каде што се наоѓаат приведените од синоќешните протести.

Благојче Ѓорѓиев, лице со телесен хендикеп, од својата инвалидска количка порача дека полицијата синоќа го привела лицето што му помагало, односно ја туркало неговата количка. Тој праша кого во овој случај полицијата штити.

Организаторите на протестот повикаа на мирни и достоинствени протести без насилство.

На пат кон ПС – Беко, демонстрантите застанаа кај ТЦЦ „Плаза“, каде што е распределен полициски кордон и два хермелина и со огради полицијата го чува пристапот до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ја повикуваат полицијата да им се придружи и симболично им понудија цвеќе за мир.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...