fbpx

Граѓанските организации пред Собранието побараа негово свикување и одложување на изборите

-

Прочистување на избирачкиот список, државата да се одвои од партиите, слободни медиуми, обвинение за секој криминал, побараа 82 невладини организации на денешниот протест пред Собранието.

– Бараме свикување на Собранието, одложување на изборите од 5 јуни на неопределено време, ангажирање на техничка влада што ќе спроведе реформи за да се создадат услови за фер и демократски избори. Во овој момент не постојат услови за фер и демократски избори бидејќи нема прочистен избирачки список, врз граѓаните се вршат притисоци и уцени, а функционерите ги корстат институциите за партиски цели – порача актерката и граѓанска активистка, Ирена Ристиќ.

Од невладинте организации порачаа дека ако не се создадат услови, ќе следува бојкот на изборите кои, според нив, се однапред украдени.

Професорката Мирјана Најчевска во обраќањето пред насобраните граѓани истакна дека тие не се криминалци, туку криминалец е претседателот.

– Криминлаци се тие што претседателот ги крие и ги штити. Судии, јавни обвинители, полицијата која застанува во одбрана на криминалците, а нè тепа нас – порача Најчевска.

Активистот Павле Богоевски истакна дека претседателот е соучесник во злосторничко здружување.

– Луѓето во Собранието се избрани преку нефер избори. Тие изгласаа судии во Уставниот суд преку нелегитимно Собрание. Претседателот ги аболираше тие што ги украдоа изборите. Тоа е злосторничко здружување – порача Богоевски.

Демонстрантите од Собранието тргнаа кон полициската станица Беко, каде што се наоѓаат приведените од синоќешните протести.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...