fbpx

ОБСЕ: Истрагите на СЈО и судските процеси мора да продолжат

-

Претседателот соопшти дека неговите намери се да придонесе за решавање на тековната криза, но, сепак, граѓаните имаат право да видат дека политичка и правна одговорност е понесена, вели шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, по повод одлуките на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 лица за кои се водат кривични постапки.

Според Суомалаинен, на судството и на Специјалното јавно обвинителство мора да им се дозволи да продолжат да ја вршат својата важна работа, во согласност со принципите на независност и на непристрасност.

„Истрагата на случаите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и судските случаи што ќе следуваат понатаму, треба да помогнат да се врати довербата на граѓаните во владеењето на правото и во функционирањето на непристрасниот правен систем. Во овој клучен период, ние ги охрабруваме сите страни да дејствуваат конструктивно и да овозможат принципите на демократското владеење и владеењето на правото да преовладаат“, се вели во изјавата на шефицата на ОБСЕ во Македонија.

Таа ги повикува граѓаните да се воздржат од насилство додека го користат уставно гарантираното право на јавен протест.

„Во фокусот на сите заложби треба да биде интересот на државата и на нејзините граѓани“, вели Суомалаинен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...