fbpx

Граѓаните се собираат на протест за оставка на Иванов, Собранието под силно обезбедување

-

Голем број луѓе се собираат пред Собранието на Република Македонија, каде што ќе се одржи протестот на граѓанските организации кои бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов, итно свикување на Собранието и одложување на изборите.

Забележливо е големо присуство на полицијата, која со огради ги чува народната канцеларија на претседателот и Министерството за правда.

Пред Собранието има силен полициски кордон и хермелини, а пристапот од Градскиот трговски центар (ГТЦ) кон зградата на законодавниот дом е затворен од полицијата.

Насобраните граѓани носат транспаренти на кои пишува „Никогаш повеќе ваква власт“, „Бараме обвинение за криминалите на власта“, „Бараме слободоумни медиуми“, „Бараме слободни фер и демократски избори“.

Граѓаните сканадираат „Оставка“ и „Грујо оди си“.

Група граѓански организации денеска на амбасадорот на САД, Џес Бејли, и на евроамбасадорот Аиво Орав му го предадоа третото писмо во кое посочуваат дека не се исполнети ни минимални услови за веродостојни избори.

Тие ја осудија одлуката на Иванов да ги помилува сите политичари од судски процеси, побараа негова оставка, итно свикување на Собранието и одложување на изборите.

Доколку не бидат исполнети условите за слободни, фер и демократски избори, граѓанските организации најавија бојкот на изборите ако бидат распишани на 5 јуни и ќе повикаат на протести против, како што велат, режимот кој ги гази човековите права.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...