fbpx

ГДОМ: Нема да дозволиме странски сили да ни ја диктираат судбината

-

Неколку илјади граѓани организирани од граѓанското здружение ГДОМ вечерва се собраа во непосредна близина на седиштето на СДСМ за да го изразат, како што велат, незадоволството од политиките на СДСМ.

Со извици „Никој ништо не ти може Никола“ и „ВМРО“, тие мирно протестираа. Пред нив се обратија повеќе членови на ГДОМ, меѓу кои Братислав Димитров и Александар Пандов.

Во своето обраќање, тие посочија дека нема да дозволат странски сили однадвор да ја диктираат судбината на Македонија и порачаа дека Социјалдемократскиот сојуз мора да престане да се крие зад ваквата политика и да се реформира во вистинска социјалдемократска партија.

Пандов рече дека тие нема да дозволат да се повторат сликите од вчерашните протести и дека тие се тука за да ја одбранат земјата од сите што сакаат да ѝ наштетат.

По протестот организаторите им се заблагодарија на присутните и им порачаа дека и утре повторно ќе бидат принудени да се соберат на истото место. Тие ги повикаа присутните мирно да се движат кон центарот на градот и да си заминат во своите домови.

Голем дел од присутните на протестот на ГДОМ беа дојдени со организиран автобуски превоз од другите градови на Македонија.

Полицијата и вечерва го блокираше пристапот до седиштето на СДСМ. Полицискиот кордон беше поставен на главната улица за да се спречи евентуално продирање на демонстрантите кон седиштето на опозициската партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...