fbpx
Македонија Страница 1558

Македонија

Вељаноски: Нема уставна можност да го свикам Собранието

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, нема да го свика парламентот, што е еден од условите за СДСМ да учествува на лидерската средба в петок во Виена. Во врска со прес-конференцијата на СДСМ, Вељаноски преку соопштение информира дека во согласност со членот 63, став 6 од Уставот, ако Собранието се...

Кирацовски: Администрацијата во Охрид е уценувана да присуствува на протестот на ГДОМ

Вчера и денеска, во Општина Охрид се вршат масовни притисоци врз вработените во институциите на јавниот сектор, за да присуствуваат на собирот на ГДОМ, вели дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски. „На вработените во јавниот сектор во Охрид им се врши политички...

Заев ќе оди во Виена само ако се повлечат аболицијата и датумот за избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на прес-конференција соопшти дека ако не се исполнат два услови тој нема да оди на средбата во Виена што ја организира еврокомесарот Јоханес Хан в петок за да се најде решение за излез од политичката криза. - Ја почитуваме иницијативата на...

Ахмети: Не сакам од Виена да се вратиме без договор

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во гостување на емисијата „Клик плус“ на „Телевизија 21“ го потврди своето учество на лидерската средба во Виена што за петок ја закажа еврокомесарот Јоханес Хан. Ахмети рече дека не сака од Виена да се вратат без договор. Тој вели...

Игор Тантуровски е нов претседател на ДКСК, на Миленков му заврши мандатот

Горан Миленков повеќе не е претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) откако му истече едногодишниот мандат како прв човек на комисијата. Од ДКСК соопштија дека на негово место е избран Игор Тантуровски, член на актуелниот состав на комисијата. „Државната комисија за спречување...

ИДСЦС: Преодна влада за решавање на политичката криза

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) се обрати до меѓународната заедница, претседателот Ѓорге Иванов и до политичките лидери на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, со конкретни предлози за решавање на политичката криза кои, според институтот, ќе овозможат поцелисходна имплементација и одржливост на реформските чекори. „Уставниот...

Паника меѓу администрацијата во Општина Битола по првиот притвор за „Транспортер“

Паника, страв и невообичаена претпазливост владее меѓу вработените во Општина Битола, по одлуката за притвор на еден од осомничените во случајот „Транспортер“, кој минатата недела го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), велат неофицијални извори за „Мета“. Веста за притворот на еден од најблиските соработници на градоначалникот...

Од вечерва и охриѓани излегуваат на протести

По примерот на поголемите градови во земјава, од вечерва на протестите им се приклучуваат и охриѓани, за да го кренат гласот за промени во државата. Денеска, според најавите на организаторите, протестот ќе почне во 18 часот, кај стариот охридски чинар. „Ние, кои протестираме низ улиците на Република...

Македонија на 118. место според „Репортери без граници“

Македонија годинава се најде на 118. место на ранг-листата на „Репортери без граници“. Во годишниот извештај објавен денеска, организацијата нотира дека слободата на медиумите во светот е во голем и загрижувачки пад поради притисокот на властите и на корпорациите. Состојбата на слободата на медиумите е деградирана во...

Попоски утре во Солун на регионален состанок за бегалската криза

По иницијатива на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, утре и задутре во Солун ќе се одржи четрилатерална средба за бегалската криза меѓу Грција, Македонија, Албанија и Бугарија. На средбата се поканети министрите за надворешни работи и министрите за внатрешни работи на четирите...

ДИК: Изборите ќе чинат 7,5 милиони евра

Седум и пол милиони евра (456,664 милиони денари) е буџетот со кој ДИК ќе ги реализира изборните активности, изгласаа синоќа членовите на Комисијата, со што го усвоија финансискиот план за распределба на средства за предвремените парламентарни избори. Најголем дел од парите, односно 40 милиони денари,...

СДСМ ќе оди во Виена, ама условено

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, сè уште нема донесено дефинитивна одлука дали ќе оди на лидерската средба во Виена, закажана за петок, но големи се шансите сепак да ја прифати поканата на тројцата европратеници, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, велат извори од партијата...

Oсомничен во „Транспортер“ доби притвор по сите основи

Судија на претходна постапка му одредил 30 дена притвор на еден од осомничените во случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО) по сите три основи од ставот 165 од Законот за кривична постапка, додека на други тројца им се определени мерки на...

Совет за етика: Медиумите не смеат да служат како средство за пропаганда

Советот за етика во медиумите, набљудувајќи го медиумското известување по најновите превирања на политички план и реакциите на граѓаните, ги потсетува медиумите да не ја злоупотребуваат својата улога и да не служат како платформа за потпалување на ситуацијата и за засилување на тензиите во...

Сончево и посвежо време, со температура до 23 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и посвежо со мала локална облачност. Ќе дува засилен, а на моменти и силен ветер од северен правец, со брзина поголема од 80 километри на час, особено долж Повардарието. Утринската температура се движи од 8 до 14 Целзиусови...

Одреден притвор за осомничен во случајот „Транспортер“

Судија на претходна постапка определил мерка притвор за вработен во одделот за јавни набавки во Oпштина Битола, додека за три лица се изречени превентивни мерки. Сите четворица се осомничени за случајот „Транспортер“, кој го отвори Специјалното јавно обвинителство, потврди судот. СЈО покрена истрага за автобускиот...

Иванов ги запознал ЕУ-амбасадорите со мотивите за одлуката за помилување

Претседателот Ѓорге Иванов имаше средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Република Македонија, соопштија од кабинетот на претседателот. На средбата Иванов ги запознал амбасадорите со мотивите и со целта што сакал да ја постигне со одлуката за помилување, односно ослободување од гонење без...

„Не за преговори“, порачаа граѓаните и побараа eднаквост, правда и слобода

Во тензична атмосфера и по краток судир меѓу демонстрантите и полицијата пред зградата на Театар „Комедија“, заврши протестот на граѓанските организации. Мал инцидент се случи откако лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, ги повика граѓаните да ѝ се спротивстават на полицијата, која, според него, нема право...

Тензично кај ЕУ-Инфоцентар, демонстрантите се судрија со полицијата

Демонстрантите и полицијата се судрија на булеварот Свети Климент Охридски, пред зградата на Театар „Комедија“. До инцидентот дојде откако лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, кажа дека полицијата нема право да ги сопира граѓаните да го изразат својот револт бидејќи протестот е мирен и меѓу демонстрантите...

Демонстрантите го „бојадисаа“ Министерството за правда и им лепат срциња на полицајците

Демонстрантите на денешниот граѓански протест, кој во 18 часот почна пред СЈО, фрлаа тврди предмети и ќесиња полни со боја на зградата на Министерството за правда и извикуваа „Оставка“ и „Нема правда, нема мир“. Еден од демонстрантите остави ливчиња пред секој од полицајците што ја чуваат...

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Јан Лејк, поранешен вработен во „OpenAI“ кажува дека приоритет за компанијата се „напредни производи“, а не безбедноста, откривајќи дека тој дал отказ по несогласувања околу клучните цели, пишува Гардијан. Лејк...