fbpx

Ахмети: Не сакам од Виена да се вратиме без договор

-

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во гостување на емисијата „Клик плус“ на „Телевизија 21“ го потврди своето учество на лидерската средба во Виена што за петок ја закажа еврокомесарот Јоханес Хан.

Ахмети рече дека не сака од Виена да се вратат без договор. Тој вели дека Договорот од Пржино треба да се потврди бидејќи, според него, тој не е мртов.

„Работи Специјалното јавно обвинителство, работат и други институции, побаравме од т.н. претседател Иванов да ја повлече одлуката. Мојата изјава дека Украина може и да не биде далеку, им беше по малку смешна на некои политичари и аналитичари, па и надвор од земјата. Мојата цел беше дека последиците ќе бидат многу помали ако се реагира“, рече лидерот на ДУИ, кој предупреди дека е потребно брзо решение, бидејќи штети имаат државата, граѓаните, особено економијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...