fbpx

Попоски утре во Солун на регионален состанок за бегалската криза

-

По иницијатива на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, утре и задутре во Солун ќе се одржи четрилатерална средба за бегалската криза меѓу Грција, Македонија, Албанија и Бугарија. На средбата се поканети министрите за надворешни работи и министрите за внатрешни работи на четирите земји за да се засилат дијалогот и соработката за справување со бегалската криза.

Состанокот е организиран во три дела. В четврток ќе има состанок на министрите за надворешни работи, в петок ќе има одделен состанок на министрите за внатрешни работи, а веднаш потоа ќе се одржи заеднички состанок и на министрите за надворешни и на министрите за внатрешни работи.

На средбата ќе учествува и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пак, според информациите на „Мета“, нема да присуствува на состанокот.

Од МВР ќе учествува делегација на состанокот, но засега сè уште не е потврдено кој ќе ја води и кој ќе биде македонскиот претставник.

Според неофицијалната агенда на овој состанок, од другите земји ќе учествуваат главно замениците шефови на полициите, а не министрите за внатрешни работи.

На средбата во Солун се очекува да се разговара за предизвиците при справувањето со бегалската криза, подобрата заштита, за комуникацијата и за размената на информации при заштитата на заедничките граници, како и за поефективна борба со нелегалното пренесување на бегалци и на мигранти, а од грчка страна се најавува и разговор околу можностите за проширување на прифатните центри за бегалците во балканските земји долж балканската рута.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...