Франција ќе ја продолжи вонредната состојба

Франција планира да ја продолжи вонредната состојба воведена по терористичкиот напад во ноември 2013 година за уште два месеца поради безбедноста на европскиот шампионат во фудбал во 2016 година, соопшти денеска премиерот Мануел Валс.

– Соочувајќи се со вака голем настан, мораме да преземеме безбедносни мерки затоа што настанот истовремено е и прослава – изјави Валс за радиото „Франс инфо“.

Тој додаде дека вонредната состојба не може да трае вечно, но кога станува збор за вака големи настани, потребно е продолжување.

Актуелната вонредна состојба, која им дава дополнителни овластувања на полицијата и на безбедносните сили, ќе трае до 26 мај.

Европскиот шампионат во фудбал, чиј домаќин е Франција, почнува на 10 јуни.