fbpx

ДИК: Изборите ќе чинат 7,5 милиони евра

-

Седум и пол милиони евра (456,664 милиони денари) е буџетот со кој ДИК ќе ги реализира изборните активности, изгласаа синоќа членовите на Комисијата, со што го усвоија финансискиот план за распределба на средства за предвремените парламентарни избори.

Најголем дел од парите, односно 40 милиони денари, ќе бидат наменети за печатење ливчиња, обрасци, записници и упатства.

За печати, перничиња, УВ-ламби и спреј, сигурносни ленти и за паравани, буџетот изнесува 9,2 милиони денари, за транспорт се потребни 9 милиони денари, печатењето на избирачкиот список изнесува 4 милиони денари, транспортот на членови на избирачки одбори во ДИК за денот на гласањето изнесува 25 милиони денари, а транспортот на доверлив и на недоверлив материјал чини 7 милиони денари.

ДИК не го прифати избирачкиот список од Министерството за внатрешни работи, потпишан само од дополнителниот заменик-министер Митко Чавков, затоа што не бил во потребниот формат за да може да се споредат податоците. МВР ќе треба дополнително да достави список во бараниот формат.

На седницата не присуствуваа Виолета Дума и Игор Милев, членови на ДИК предложени од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...