ИДСЦС: Преодна влада за решавање на политичката криза

-

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) се обрати до меѓународната заедница, претседателот Ѓорге Иванов и до политичките лидери на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, со конкретни предлози за решавање на политичката криза кои, според институтот, ќе овозможат поцелисходна имплементација и одржливост на реформските чекори.

„Уставниот суд треба да ја преиспита одлукaта за распуштање на Собранието, како и одлуката за распишување предвремени избори. Претседателот Иванов веднаш да го повлече актот за помилување на лицата за кои се водат предистражни и истражни постапки за злоупотреба на службената положба и овластувања. Бараме од лидерите на политичките партии и од меѓународната заедница конечно да ја поддржат опцијата за формирање преодна влада со мандат до следните редовни парламентарни избори, предвидени за 2018 година, и со единствена цел – спроведување во конкретни рокови на итните реформски приоритети поддржани од Европската комисија“, велат од институтот.

Од ИДСЦС сметаат дека во преодната влада не треба да бидат вклучени лица за кои се водат какви било постапки за злоупотреба на службената положба и овластувања и дека таа мора да демонстрира интегритет и способност за справување со реформските предизвици.

Од институтот велат дека претставници на граѓанското општество мораат да имаат активна улога на преговарачката маса во претстојните преговори на политичките партии, како и свои претставници со право на глас во работењето на Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупција, Судскиот совет, Советот на јавни обвинители и на Агенција за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

Како последна точка, од ИДСЦС бараат од Уставниот суд да се изјасни за иницијативата за оценување на уставноста на Законот за специјалното јавно обвинителство, а сите политички актери и други засегнати страни да ја поддржат неговата работа.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...