fbpx

Аманатидис: Спорот за името не може да се реши со иредентизам и со фалсификување на историјата

-

Заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Јанис Аманатидис, испрати јасна порака до Македонија дека Грција нема да го прифати само уставното име како решение за спорот за името. Одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот на Златна зора, Илијас Панајотарос, кој ја обвинува грчката влада дека сака да го предаде и да го отстапи името Македонија на нашата држава, Аманатидис истакна дека решението ќе биде компромисно и заеднички прифатливо за севкупна употреба и ја повика македонската влада конечно реалистично да им пристапи на разговорите.

– За да биде можно решение за името, треба нашите соседи да имаат реалистичен и прагматичен пристап и да покажат способност за пристојни компромиси. Решение со нивното уставно име не постои. Инсистираме на потребата за заеднички прифатливо решение за севкупна употреба – посочи Аманатидис, кој е министер од редовите на СИРИЗА.

Со ова тој даде и одговор на обвинувањата и на Златна зора, но и на десничарите Нова демократија дека СИРИЗА е подготвена да ја признае Македонија под уставното име бидејќи нејзини министри и членови во разни пригоди ја именуваат Македонија како Македонија, околу што се крена прав изминатиот период. Но, истовремено покажа и строг став кон македонските власти, коментирајќи дека мора да се престане со иредентистичките тенденции и крадењето на грчката историја, реторика која вообичаено ја користат грчките десничари.

– Спорот за името е проблем од регионални и од меѓународни размери и сигурно не може да се реши со иредентистички аспирации и воден од фалсификувањето на историјата и од присвојување на националното историско и културно наследство на Грција – забележа Аманатидис, додавајќи дека и самиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, при неговата посета на Скопје го покренал прашањето за стопирање на иредентизмот од страна на македонските власти.

На забелешката на Аманатидис дека Грција учествува со реализам и со конструктивност во преговорите и го почитува преговарачкиот процес во Обединетите Нации, Панајотарос ја нападна Македонија, коментирајќи дека македонските власти воопшто не ги почитуваат преговорите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...