fbpx

Иванов: Постои реална закана за ликвидација на двајца лидери на партии

-

Постои реална закана за физичка ликвидација на двајца лидери на партии, рече претседателот Ѓорге Иванов на заедничкото интервју со главните уредници на неколку македонски телевизии во неговиот кабинет.

Тој рече дека не може да ги каже имињата, но дека службите ги знаат и дека тие лица се информирани за заканите кон нив, како и дека и кон него има такви закани.

На прашањето од каде знае дека се работи точно за 56 лица кои ги аболирал и зошто не ги амнестирал осудените во случаите „Монструм“ и „Сопот“, за кои постојат сомненија дека се конструирани, Иванов рече дека кабинетот на претседателот има одделение за помилување и има пристап до сите можни институции.

– Претседателот има начин да дојде до сите информации во државата – рече тој.

На прашаењто дали ќе ги повлече одлуките за тие што побараа такво нешто од него, вклучувајќи го и поранешниот претседател Бранко Црвенковски, Иванов одговори дека не е виновен што постои обвинение за поранешниот претседател.

– Секој што смета дека сум го довел во незгодна ситуација, дека сум го навредил, нека се обрати до кабиентот. Ќе ги констултираме сите можни правници за да видиме што можеме да направиме – рече Иванов.

Во однос на амбасадорите во земјава, Иванов истакна дека тие им диктираат по телефон на судии што да работат.

– Им се шетаат по судови. Некои од амбасадорите ги пречекорија сите амбасадорски овластувања. Не сакаме да влегуваме во конфликти со земјите од каде што доаѓаат. Им кажав да внимаваат да не биде погрешно сфатено тоа што го работат. Никој досега не успеал да ме скрши, ни да ме уцени. За чесност, искреност и за посветеност можам да ви зборувам со часови – рече Иванов.

Претседателот на државата рече дека оваа негова идеја за аболиција и за амнестија потекнала од желбата на Заев да има гаранција дека нема да биде уапсен при лидерските средби на кои бил поканет и дека нема да му се попречи кариерата.

– Како што ги има сите снимени разговори, сигурно го снимил и разговорот по 9 мај. Нека го преслуша и нека каже што тогаш бараше од мене  како претседател. Веројатно со текот на времето Заев ги менува своите ставови, ги менува своите изјави и настојува секојпат да каже дека сето тоа што досега го кажал и го направил, не важи. Кога влегувате во политика, зборот ве обврзува. Испукан куршум и искажан збор со ништо не се враќа. Сето тоа што го кажал, ако е повод за ова што се случува, тој може да одговара пред судот на јавноста и на избори и граѓаните да кажат што мислат за тоа што тој го направил на државата досега – рече Иванов.

Тој рече дека истакнал оти ќе има незадоволни од неговата одлука, но дека треба да бидат информирани зошто сето ова е направено.

– Многумина нема да се согласат, но моментот е сега да се обезбедат слободни и фер избори. Се извинувам на сите што сум ги довел во непријатна состојба. Секогаш ме водел државниот интерес. Државата пред сè. Тоа ми било мото – рече претседателот Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...