fbpx

Лидингтон: Не сме сигурни дека во Македонија има услови за избори на 5 јуни

-

Британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон, го повика македонскиот претседател Ѓорге Иванов да ја повлече својата одлука за помилување лица за кои се води истрага.

„Претседателската одлука од 12 април, да се помилуваат индивидуи што во моментов се под истрага поради обвиненија за злоупотреба, е прашање кое особено загрижува. Оваа одлука, која ги штити функционерите и поранешни министри кои се обвинети за корупција, му ја одзема правдата на народот во Македонија. Обвинувањата за прислушувањето минатата година покренаа сериозни прашања за владеење на правото и за веродостојноста на изборите. Овие обвиненија мора целосно да бидат истражени во согласност со правниот процес, за Македонија да може да најде суштинско решение за тековната политичка криза. Го повикувам претседателот на Македонија, да најде начин да ја преиначи одлуката“, стои во реакцијата на Лидингтон.

Британскиот министер, исто така, изрази загриженост дека Македонија е подготвена да организира веродостојни избори на 5 јуни.

„Македонија треба да има избори на 5 јуни. Ние сме загрижени за состојбата на подготвеност за предвремени избори, со непрочистен избирачки список, без прогрес во медиумските реформи и со извештаи за заплашување. Се надеваме дека јавните демонстрации ќе се спроведат без да ескалираат во насилство. Разговарав со претседателот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на 12 април, за да му ја објаснам нашата загриженост и да го повикам да преземе чекори“, стои во реакцијата на Лидингтон.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...