fbpx

Заврши второто судско рочиште против тетовскиот гинеколог, обвинет за смртта на 33-годишна родилка

-

Во Основниот суд Тетово денеска заврши второто судско рочиште против гинекологот Казимир Копривњак, обвинет за смртта на 33-годишната родилка Виолета Кировска од Тетово.

На рочиштетото искази дадоа анестезиолози и хирурзи, вработени во гинеколошкото одделение при Клиничката болница Тетово и во КАРИЛ од Скопје. Сведочеше и сопругот на Кировска.

Хирургот Зоран Караџов од скопската КАРИЛ, изјави дека матката на пациентката Кировска, која ја примил во неговото одделение, не била целосно извадена од докторите вработени во тетовската болница.

– Остатокот од матката, која беше кревка, ја остранивме, крварењето го сопревме, но пациентката не успеавме да ја спасиме. Утредента доби мозочен удар и по неколку дена почина – изјави Караџов.

Анестезиолог при тетовската болица, Абдулџелал Есати, изјави дека состојбата на пацинетката Кировска била влошена по вториот операционен зафат, односно по вадењето на матката.

– За време на вадењето на матката, односно вториот оперативен зафат за кој одлучија хирузите да го извршат, состојбата на пацентката беше лоша, без витални знаци со кардиоваскуларни проблеми. Јас ја реанимирав пациентката, но крвавењето беше обилно и докторите хирурзи одлучија да ја препратат на скопските клиники – изјави Есати.

Правниот застапник на семејството Кировски изјави дека исказите на дел од сведоците биле контрадикторни.

– Во предистражна постапка, дел од сведоците дадоа различни искази за разлика од денеска. Се работи за искази поврзани со примените количества крв пред втората операција, односно при вадењето на матката – рече застапникот на семејството Кировски, Милан Ивановски.

Основното јавно обвинтелство Тетово го товари лекарот Казимир Копривњак за тешки дела против здравјето на човекот. Според обвинителниот акт, Копривњак на 19 август минатата година, при породувањето на 33-годишната Виолета Кировска од Тетово, не ги презел сите превентивни мерки, поради што настапила смртта на пациентката.

Третото судско рочиште е закажано на 25 мај.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...