fbpx

Бајден бара Путин да се соочи со судење за воени злосторства по убиствата во Буча, Русија негира геноцид

-

Американскиот претседател Џо Бајден повика на рускиот претседател Владимир Путин да му се суди за воени злосторства, бидејќи се појавија докази за злосторствата наводно извршени од руските сили во Украина, пренесе британскиот јавен сервис Би-би-си.

Гневот на меѓународната заедница се зголемува поради наводните убиства на цивили во Буча, град во близина на главниот град Киев.

„Овој тип е брутален“, рече Бајден за рускиот лидер, додавајќи дека верува оти Путин „е воен злосторник“.

Русија, без да поткрепи со докази, рече дека сликите на злосторствата биле исценирани од Украина.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во иронична објава на Фејсбук ги отфрли наводите дека руската војска извршила масовни убиства на украински цивили во Буча, опишувајќи ги наводите на Москва како „режирана продукција на Сребреница“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека коментарите на американскиот претседател Џо Бајден за Владимир Путин покажуваат дека некои на Запад имаат, како што рече, проблеми со нивната совест.

Реакцијата на Бајден уследи по објавувањето на новите сателитски фотографии од компанијата за набљудување на земјата Максар, на кои се прикажани тела на улиците на Буча за време на неговата окупација од руските сили.

Анализата на фотографиите на Њујорк Тајмс покажа најмалку 11 тела на улиците од 11 март, кога руските сили го контролираа градот.

Русија тврди дека ниту еден цивил не настрадал под руската окупација на Буча и вели дека снимките и фотографиите од градот биле лажни.

Но, времето на овие сателитски снимки се чини дека ја побива идејата дека телата се појавиле дури откако руските војници си заминале.

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи седница на која ќе се обрати украинскиот претседател Володимир Зеленски. Се очекува тој да побара нови остри санкции кон Русија поради убиствата во градот Буча, кои тој ги нарече „воени злосторства“ и „геноцид“.

„Сите злосторства на окупаторите се евидентирани. Обезбедена е потребната процедурална основа за изведување на виновните руски војници пред лицето на правдата за секое злосторство што го направија. Сакам да истакнам дека сме заинтересирани за најкомплетна, најтранспарентна истрага, чии резултати ќе бидат познати и објаснети на целата меѓународна заедница. Им обезбедуваме максимален пристап на новинарите во Буча и другите ослободени градови во Украина. Стотици новинари од целиот свет. И ние сме заинтересирани да имаме илјадници новинари таму. Колку што е можно повеќе! За светот да види што направи Русија“, изјави Зеленски.

Њујорк тајмс: Mртви тела лежат на улиците во Буча со недели и покрај руските тврдења

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...