fbpx
Таг: Марија Захарова

таг: Марија Захарова

Бајден бара Путин да се соочи со судење за воени злосторства по убиствата во Буча, Русија негира геноцид

Американскиот претседател Џо Бајден повика на рускиот претседател Владимир Путин да му се суди за воени злосторства, бидејќи се појавија докази за злосторствата наводно извршени од руските сили во Украина, пренесе британскиот јавен сервис Би-би-си. Гневот на меѓународната заедница се зголемува поради наводните убиства на цивили во Буча, град во близина на главниот град Киев. „Овој тип е брутален“, рече Бајден...

Одземена сателитската лиценца на „Раша Тудеј“ во Германија, Кремљ се одмазди со затворање на рускиот сервис на „Дојче Веле“

Руските власти донесоа забрана за емитувањето на програмите на германската медиумска корпорација Дојче Веле во земјата, ја затворија канцеларијата, додека на новинарите им ја одземаа акредитацијата за работа во Русија. Одлуката следеше само два дена откако Германија ја одзеде лиценцата за сателитско емитување на државниот руски телевизиски канал „Раша тудеј“ (РТ) на германска територија. Веднаш потоа, YouTube го блокираше...

Захарова: Единствена закана за регионот е косовската армија обучена од НАТО

Со тоа што ќе стане членка на НАТО, Македонија ќе ја изгуби својата способност да ја следи својата надворешна политика како суверена држава, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, за време на вчерашниот брифинг со новинарите. Според неа, нејасно е од кого НАТО би ја штитело државата и оцени дека единствената опасност во регионот е армијата на...

Захарова: Западните земји по секоја цена сакаат да ја внесат Македонија во НАТО

Западот, како и досега, се обидува да ја вовлече Македонија во НАТО, дури и по референдумот за промена на името, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на редовниот неделен брифинг во Москва. Како што пренесува ТАСС, Захарова изјавила дека „очигледната цел на западните земји е по секоја цена да ја внесат Македонија во НАТО“. Позицијата на Русија,...

Захарова: Заев без никакви докази шири антируска хистерија додека Западот се меша во Македонија

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи на брифингот со новинарите вчеравечер во Москва порача дека обвинувањата од македонскиот премиер Зоран Заев, кои тој ги искажа во интервју за „БазФид њуз“, а потоа и на почетокот на изградбата на фабриката на американската фабрика „Дура“, обвини дека „грчки бизнисмени” кои „се сочувствителни на руската кауза“ им платиле на...

Москва: Договорот за името, наместо консензус, предизвика дополнителен раскол

Решение за името треба да се потпира на широк општествен консензус и беспрекорна уставна основа. Преспанската спогодба не е таков случај. Таа само предизвика дополнителен раскол и во Грција и во Република Македонија, изјави Марија Захарова, портпаролката на руското министерство за надворешни работи на денешниот брифинг за новинари, сподели Руската амбасада во Скопје на својот „Твитер“ профил. - Збунети сме...

Москва: Македонија на сила се турка во НАТО

Откако вчера Македонија и официјално доби покана за преговори за членство во НАТО, Москва оценува дека Македонија насила се турка во НАТО. -Внесувањето на Македонија во НАТО со присила, само потврдува дека политиката на „отворени врати“ стана цел сама за себе и алатка да се стекне контрола врз геополитичка територија - вели портпаролката на руското министество за надворешни, Марија Захарова. Премиерот...

Руско МНР: Балканските држави не треба да се тераат да брзаат кон ЕУ

Принципиелен став на Русија е дека најкомлицираните проблеми во регионот мора да ги решат самите балкански држави независно, без да се тераат да брзаат и да се ограничуваат само на формалните критеруми, или со други зборови - без никакво надворешно мешање. „Ова се однесува на прашањата за границите, темата со именувањето на Македонија, и особено ситуацијата со Косово“, изјави портпаролката...

Руско МНР за Стратегијата за Западен Балкан: Нашиот став не е „Со нас или против нас“

Русија не гледа никакви пречки во развојот на односите со земјите кои сакаат да станат членки на Европската Унија и кон нив не пристапува по принципот „со нас или против нас“, изјави вчера на прес-конференција портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова прашана за коментар на Стратегијата на Европската комисија за проширувањето на ЕУ со земјите од...

Руското МНР нема коментар за насилствата од 27 април, кои биле „антинатовски митинг“

Министерството за надворешни работи на Русија нема никаков коментар во врска со притворањето на 36-мина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, меѓу кои и шестмина пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска го соопшти портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, прашана „за коментар за ситуацијата во Македонија, каде што кон крајот од минатата недела имаше апсења на претставници на...

Обвинувањата за руско мешање во Македонија не се неосновани

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, по повод интервјуто на  министерката за одбрана Радмила Шекеринска за агенцијата „Блумберг“ (во кое таа рече дека новата Влада ги зајакнува напорите за влез на Македонија во НАТО и дека членството во воената алијанса ќе ја заштити земјата од руското мешање), изјави: Обвинувањата на сметка на Москва за наводното мешање во...

Захарова: Зголемувањето на рокот за издавање американска виза е нов притисок врз Русија

Рокот за издавање американски визи на граѓаните на Русија се зголеми, но тоа нема никаква врска со намалувањето на бројот на американските дипломати, вели портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. Таа истакна дека таквиот тренд бил присутен и во претходните месеци и поради тоа не може да се поврзе со новото намалување на персоналот на американската амбасада, воведено по одлуката...

Руското МНР иронично му забележа на Столтенберг за изјавата по средбата со Заев

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на денешниот брифинг за новинарите иронично ја искоментира изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, во понеделникот оваа недела во Брисел. Захарова се осврна на изјавата на Столтенберг, во која тој рече дека секое мешање однадвор во внатрешните политички процеси на некоја земја...

Русија негира дека бомбардирала школо во Идлиб

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека руските и сириските сили не го бомбардирале училиштето во покраината Идлиб, во кое загинаа 28 лица, од кои 22 се деца. - Руската Федерација нема никаква врска со оваа страшна трагедија, ниту со овој напад – рече портпаролката Марија Захарова. Таа истакна дека тврдењата на активистите за човекови права и на западните дипломати дека руски...

Руско МНР: Агресивно малцинство подготвува „обоена револуција“ во Македонија

Едно агресивно малцинство платено однадвор, по добро разработена шема подготвува нова „обоена револуција“, овојпат во Македонија, изјави денеска на брифинг за новинарите портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова оваа забелешка ја дала зборувајќи во контекст на неодамнешните протести во Белград, кои, како што вели, биле директно организирани од различни невладини организации, со финансиска поддршка однадвор. - Генерално,...

Продолжува акцијата против дезинформациите: „Лажговците со кратки нозе фатени среде Скопје“ [Фото]

Герила акцијата против дезинформации продолжува во центарот на Скопје. Денес се појави макета со лажговци кои држат транспаренти со лажни вести. „АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги...