Филмот „Сестри“ освои награда на меѓународен јуниорски фестивал во Стокхолм

Фото: МКЦ

Македонскиот филм „Сестри“ во режија на Дина Дума ја освои наградата за најдобар филм во категоријата меѓу 11 и 19 години на Стокхолм Меѓународен Филмски Фестивал Јуниор кој се одржуваше од 28 март до 2 април.

„Сестри“ се одвива во убави средини и опишува колку далеку сме спремни да отидеме за нашите пријатели, а водено и дава простор на публиката да протолкува што се случува. Како гледач можеш да се препознаеш во пријателството на ликовите, притисокот од врсниците и како е да се биде млад во дигитално општество“, велат од организацијата на шведскиот фестивал.

Филмот иако дебитираше во 2021 година, во 2022 година започна со редење на успеси на бројни фестивали низ светот. Минатиот месец филмот беше награден со признанието за најдобра режија за Дума на ФЕСТ-Меѓународен фестивал во Белград, а во февруари тој ја освои наградата од публиката на грчкиот филмски фестивал „Панорама“.