fbpx

Њујорк тајмс: Mртви тела лежат на улиците во Буча со недели и покрај руските тврдења

-

Мртви тела на цивили во Буча со недели лежат на улиците, и покрај тврдењата на руската војска дека убиствата се случиле откако нивните трупи го напуштиле градот, пренесува Њујорк тајмс.

Според анализата на сателитските снимки пред и потоа, што ги направи американскиот дневен весник, телата на убиените лица се наоѓаат таму повеќе од три недели, односно во периодот кога руските сили го контролирале и тој регион.

Едно видео кое, како што објави Укринформ, е снимено од член на локалниот совет на 2 април, прикажува повеќе тела расфрлани по улицата Јаблонска во Буча. Сателитските снимки обезбедени од Maxar Technologies, покажуваат дека најмалку 11 од нив биле на улица од 11 март, кога Русија го окупирала градот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека за масакрите разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и со австрискиот канцелар Карл Нехамер, по што се договориле тој во блиска иднина да ја посети Украина.

„Штотуку започнавме истрага за сето она што го направија окупаторите. Во моментов, само во Буча се убиени и мачени повеќе од триста луѓе. Многу е веројатно дека списокот на жртви ќе биде многу поголем кога ќе се провери целиот град. И ова е само еден град“, изјави Зеленски.

Сепак, без разлика на овие тврдења, руските власти и натаму велат дека станува збор за пропаганда на непријателската страна и нагласуваат дека и тие имаат докази кои покажуваат дека Западот лаже, а кои најавија дека ќе ги презентираат пред Советот за безбедност на Обединети нации (ОН).

Шефицата за човекови права на ОН, Мишел Башелет верува дека извештаите за масовните убиства во градот Буча покренуваат сериозни и вознемирувачки прашања за можните воени злосторства.

„Извештаите кои произлегуваат од оваа и од други области, покренуваат сериозни и вознемирувачки прашања за можни воени злосторства, сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и сериозни прекршувања на меѓународното право за човекови права“, изјави Башелет.

Русија обвинета за воени злосторства по масакарот во градот Буча, меѓународната заедница е шокирана

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...