fbpx

Регистрирани 236 нови случаи на ковид-19, денеска нема смртни случаи

-

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 2.212 тестови, а регистрирани се 236 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје – 125, Битола – 29 и Кавадарци – 12.

Од вкупниот број позитивни случаи на ковид-19 (236), регистрирани се 38 реинфекции.

Во изминативе 24 часа регистрирани сe 252 оздравени пациенти, а не се регистрирани смртни случаи од ковид-19.

Досега во земјава се направени вкупно 1.972.271 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата во земјава изнесува 306.947, бројот на оздравени пациенти е 296.166, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 1.550.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...