fbpx

Започнува процесот во Хаг против Израел за геноцид во Газа

Забележани се протести од двете страни во холандскиот град околу процесот покренат од Јужноафриканската Република

-

Денеска започнува дводневното рочиште за постапката во Меѓународниот суд на правдата во Хаг покрената од Јужноафриканската Република (ЈАР) против Израел во која го обвинуваат Израел за геноцид врз палестинскиот народ во појасот Газа.

За ваков вид на тужби вообичаено се потребни години за пресуда, но во својата апликацијата ЈАР побара од Меѓународниот суд да преземат итни мерки за да се спречи понатамошна штета врз палестинскиот народ.

Израелските сили убиле 23.000 Палестинци од почетокот на војната, односно пред три месеци. За споредба, убиени се околу 10.000 цивили во Украина во последните две години, откако започна инвазијата на Русија. Околу 70 отсто од загинатите се смета оти се жени и деца. Дополнително, вистинскиот број на загинати лица е најверојатно повисок, бидејќи секој ден се откриваат нови тела закопани под урнатите куќи и згради во Газа. За споредба,

Голем број светски лидери, меѓу кои американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон, го имаат предупредено Израел да преземе посериозни мерки за заштитување на животите на цивили.

Израел, како и САД, ги имаат отфрлено обвинувањата за геноцид, велејќи дека немаат никаква правна основа.

Во Хаг се забележани мирни протести од двете страни, од тие кои го поддржуваат Израел и тие кои ги поддржуваат обвинувањата на ЈАР.

Професорката за човечки права од Универзитетот во Бостон Сузан Акрам вели оти најтешкиот елемент за докажувањето на геноцид е „геноцидна намера“. Односно, треба да се докаже дека обвинетите не извршувале само воени операции или дека само се бранеле од напади, туку дека нивната конкретна намера била уништување на еден народ.

Акрам смета оти постои значаен број на изјави од најмоќните израелски политичари кои би укажуваат геноцидна намера.

На пример, министерот за правда на Израел Јоав Галант на почетокот на конфликтот изјави дека „се бориме против човечки животни и делуваме соодветно“. Пратеник од партијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека „ќе направиме втора Накба“; „Накба“ е арапскиот назив за присилното раселување на палестинскиот народ во 1948 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...