fbpx

Средба Вучиќ-Фон дер Лајен: Предуслов за членството на Србија во ЕУ е признавањето на Косово

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска на заедничката прес-конференција со Вучиќ објасни дека спроведувањето на договорот постигнат во Охрид де-факто значи признавање на независноста на Косово од страна на Србија

-

Српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен призна дека Србија на патот за членство во ЕУ има две пречки – прашањето за признавањето на Косово и воведувањето на санкции на Русија, пренесува Радио-телевизија Србија.

„Во секој случај тоа се два големи проблеми. Се разбира, останува и понатаму да се спроведуваат реформи во самиот демократски систем, во правосудниот систем на нашта земја, уште многу треба да се направи, но ако смеам да забележам, двете најголеми пречки за нас во овој момент се Косово и Метохија и санкцијата на Русија“, изјави Вучиќ.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска на заедничката прес-конференција со Вучиќ објасни дека спроведувањето на договорот постигнат во Охрид де-факто значи признавање на независноста на Косово од страна на Србија.

„За што станува збор – за спроведувањето на Охридскиот договор кој предвидува различни чекори што вклучуваат признавање на косовските документи и институциите од страна на Србија, што оди заедно со основање на Заедницата на српски општини, тоа треба да го реализира Косово“, изјави Фон дер Лајен.

Нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово е неопходен предуслов за европскиот пат на двете земји, додаде претседателката на Европската комисија.

Таа порача дека насилниот напад кој се случи на 24 септември кај местото Бањска во северно Косово е целосно неприфатлив и дека сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата, пренесува Н1.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...