fbpx

Бугарското ВМРО го блокираше патот кон граничниот премин Ѓуешево, бараат ново вето

Каракачанов додаде дека барањата на бугарските граѓани биле францускиот предлог-преговарачка рамка да биде отфрлен од бугарскиот парламент и Софија да наметне цврсто и јасно вето

-

Бугарската националистичка партија ВМРО денеска го блокираше патниот правец кон граничниот премин Ѓуешево на бугарско-македонската граница, јавува mediapool.bg. Група од околу 100 политички активисти предводени од почесниот претседател на ВМРО Красимир Каракачанов денеска околу половина час го блокираа патот поради несогласувањето со политиката на бугарското владејачко мнозинство во однос на Македонија.

Поранешниот министер за одбрана Каракачанов рече дека „акцијата е против една година од укинувањето на ветото во бугарскиот парламент за преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во Европска Унија“.

Каракачанов додаде дека барањата на бугарските граѓани биле францускиот предлог-преговарачка рамка да биде отфрлен од бугарскиот парламент и Софија да наметне цврсто и јасно вето врз основа на Договорот за добрососедство потпишан на 1 август 2017 година.

Бугарските медиуми јавија дека полицијата им изрекла парични казни на Каракачанов и уште седуммина кои го блокирале сообраќајот кон граничниот премин Ѓуешево. Ќе треба да платат по 100 лева бидејќи немале дозвола и не го пријавиле протестот во полиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 9 часот најмал во општините во Изборната едница 6

Одѕивот на гласачите на парламентарните избори до 9 часот бил 4, 45 отсто, додека на претседателските избори 4,17 отсто. Според податоците на Државната изборна комисија, најмалата излезност за парламентарните...