fbpx

Руските загуби во Украина се искачија на 176.630 војници

Во текот на ноќта, руските сили извршиле четири воздушни, 58 артилериски и три дроновски напади во регионот Запорижја, јавува Укринформ

-

Русија од почетокот на воената инвазија врз Украина која почна на 24 февруари 2022 година, загубила 176.630 свои војници, сооопшти Генералштабот на украинските вооружени сили, пренесува украинската државна новинска агенција Укринформ.

Русија, според украинските сили, загубила и 3.631 тенк, 7.013 оклопни борбени возила, 2.714 артилериски системи, 306 авиони, 292 хеликоптери, 18 воени бродови и 2.287 беспилотни летала (дронови).

Инаку, во текот на ноќта, руските сили извршиле четири воздушни, 58 артилериски и три дроновски напади во регионот Запорижја, јавува Укринформ.

Во Донецката област, пак, руските сили убиле петмина цивили, а повредени се девет. Во регионот Херсон, извршени биле 42 напади, со 151 проектил, при што еден цивил е повреден.

Ноќеска се случила експлозија во близина на воениот аеродром кај Мелитопољ, којшто е под руска контрола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...