fbpx

Украина го ослободи стратешки важниот град Лиман во Донецкиот регион

-

Украинските воени сили го ослободија градот Лиман во Донецкиот регион. Руските власти потврдија дека ги повлекле своите трупи од ова стратешки важно населено место, откако претходно беа објавени информации дека тие може да бидат целосно опколени, јавува Гардијан.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање ја потврди победата на украинската армија, додавајќи дека во рамките на претстојната недела ќе следат нови ослободувања на окупираните територии. Станува збор за прво ослободување на поголемо населено место од руската окупација откако во петокот Владимир Путин објави анексија на Донецкиот и делови од три други региони кон Руската Федерација.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин го поздрави украинското заземање на Лиман, кое се смета за клучно руско упориште во источна Украина.

„Многу сме охрабрени од она што го гледаме во моментов“, изјави тој.

Остин дополни дека градот Лиман бил користен од Русија како линија за транспорт на војници и опрема кон југ и запад на окупираните територии.

Како што пренесува Укринформ, украинските власти објавија дека од почетокот на руската агресија врз Украина биле елиминирани 60.110 руски војници, а само во текот на минатиот ден загинале 500 војници. Украина тврди дека досега уништила 2.377 тенкови, 264 авиони, 227 хеликопетери, 176 системи за противвоздушна одбрана и друга воена опрема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...