fbpx

Бројот на загинати на железничката во Краматорск се искачи на 52, Русија се спрема за напад на Харков

-

Над 52 загинати и 109 повредени лица е билансот од вчерашното гранатирање на железничката станица во Краматорск, јавува Укринформ. Тие ги пренесуваат информациите од Пентагон дека со руски проектил „Точка-У“ е погодена станицата, на која се наоѓале огромен број на граѓани кои чекале евакуација од овој град лоциран во Донбас.

Американските извори тврдат дека Краматорск ќе биде една од главните цели на руската армија во претстојниот период, бидејќи има стратешка локација како железнички чвор во источниот дел на Украина. Според информациите на Пентагон, руската војска почнала да го негира бомбардирањето во Краматорск дури откако почнале да пристигнуваат информации дека цивили загинале на железничката станица.

Би-би-си јавува дека Русија врши реорганизацијата на својата команда на воените операции во Украина. Командата ќе ја преземе генералот Александар Дворников, којшто имал големо искуство со воените операции на Русија во Сирија. Изворите за британскиот медиум велат дека Русија ќе ја реорганизира и централизира командата за да ја подобри организацијата на своите единици на терен.

Од Украинскиот генералштаб денеска објавија дека руските воени сили нападнале инфраструктурни објекти во Мирхород во регионот Полтава, при што две лица биле повредени. Генералштабот на украинската армија ги повтори сознанијата дека руската војска се регрупира за да изврши агресија во Донецкиот и Луганскиот регион. Исто така, Украинците тврдат дека дел од руските воени сили што беа повлечени од северот на Украина останале на територијата на Белорусија, јавува Укринформ.

Воедно, украинскиот генерал Кирило Богданов во интервју за Си-ен-ен изјави дека руската војска се регрупира за да го нападне градот Харков. Тој тврди дека во рускиот град Белгород во близина на Харков се доведуваат дополнителни руски сили кои ќе ги надополнат загубите на војска на боиштата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...