fbpx

Пет часовен прекин на нападите во Мариупол и Волноваха за да се евакуира цивилното население

-

Утрово, властите на Русија и Украина се договорија за привремен прекин на огнот во два града во јужниот дел на Украина, Мариупол и Волноваха, пренесува Би-би-си.

Прекинот е со цел да се евакуира населението од овие градови и истиот започна денес во 09:00 часот. Додека ова се добри вести за жителите кои сакаат да си го напуштат живеалиштето, двата града остануваат единствените каде има привремен прекин и ситуацијата за напуштање е безбедна.

Ова е првиот прекин за пукање со огнено оружје или првиот прекин на било каков напад од страна на Русите откако пред десет дена започна инвазијата.

Во меѓувреме, како што јавуваат новинарите на Би-би-си, останатите градови во Украина продолжуваат да бидат бомбардирани.

„Населението ќе може да го напушти Мариупол преку пет часовен ‘прозорец’“, пренесува Ројтерс, што значи дека евакуацијата ќе трае до 14:00 часот попладне по локално време.

Југоисточниот пристанишен град Мариупол е опколен од руските сили и подложен на интензивни напади. До вчера населението беше сосема исклучено од основните потреби, напоменувајќи ги недостатоците на храна, лекови, вода и греење како и прекинатата телефонска и интернет комуникација.

Градот Волноваха кој се наоѓа во областа Донецк според вчерашните снимки што ги објави Гардијан изгледа опустошено, испразнет и претворен во руини од бомбардирањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...