fbpx

Новинари на „Скај Њуз“ застрелани и ранети во близина на Киев

-

Главниот дописник на британската телевизиска компанија, „Скај Њуз“, Стујарт Ремзи заедно со четворица колеги, новинари кои ги покриваат новостите за воената инвазија во Украина, во понеделникот наутро биле застрелани и ранети во нивното возило кога од друг град се враќале кон Киев, дознава Би-би-си.

Додека се обидувале да излезат од колата за да избегаат, Ремзи бил застрелан во половината, а камерманот Ричи Моклер бил погоден со два куршума во панцирот што го носел.

Според досегашните информации се смета дека зад нападот на новинарите стои руска извидничка единица. По напуштањето на автомобилот успеале да се сокријат во зграда на фабрика, а кратко потоа пристигнала украинската полиција која им укажала помош и ги спасила.

Главниот дописник, Стујарт Ремзи рекол дека неочекувано се појавила мала ексползија по што автомобилот застанал и во тој момент куршуми почнале да се движат во нивна насока.

„Знаевме дека треба да излеземе живи од автомобилот, но надоаѓачките куршуми беа со висок интензитет“, вели Ремзи, пренесува Би-би-си.

Ремзи и Моклер излегле последни од авомобилот по што Ремзи бил застрелан во долната половина на грбот.

„Пред да се случи, помислив на сопствената смрт, се запрашав дали ќе биде болно. Во тој момент ме застрелаа и извикав силно. Беше чудно, но се почувствував многу смирено, успеав да си ја ставам кацигата на глава и се обидов да избегам кога одеднаш застанав. Се сетив дека во вратата на автомобилот ми останаа телефоните и прес-акртичката па се вратив да ги земам, неверојатно“, раскажува Ремзи кој сега е вратен во Обединетото Кралство.

По целиот шок од нападот и враќањето во родната земја, Ремзи посочува дека биле навистина среќни што така се извлекле.

„Поентата е дека ние сме навистина среќни. Но, илјадници Украиници умираат, цели семејства се на мета на русите како што бевме и ние, додека се возат во своите семејни автомобили. Оваа војна од ден на ден се влошува“, изјави тој.

Вчера големите светски медиумски компании, Би-би-си, Си-ен-ен и Блумберг Њуз објавија дека привремено ја суспендира работата на своите дописници во Русија, отакако земјата вчера го усвои новиот закон да ги притворува сите кои шират „лажни“ новости во врска со воените дејствија.

Руските власти наредија затворање на една од ретките независни телевизии во Русија, „ТВ Дожд“. Весникот „Новаја Газета“, радио станицата „Ехото на Москва“ и седум други медиуми кои известуваат за смртта на украинските цивили и гранатирањето на руската армија од властите се обвинети дека шират лажни информации. Од денес на руските новинари им е забрането и да известуваат за воениот конфликт во Украина со користење на зборови како „војна“, „инвазија“, „напад“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...