Салах Абдеслам, еден од главните осомничени за терористичките напади во Париз од 13 ноември минатата година, нема да се противи и нема да поднесе жалба на неговата екстрадиција од Белгија во Франција, соопштил неговиот адвокат за француските медиуми, пренесува „Би-би-си“.
Абдеслам беше уапсен во петокот минатата недела, во акција на белгиската и на француската полиција во Брисел.
„Абдеслам сака да замине за Франција што е можно поскоро“, изјавил за француските медиуми неговиот адвокат, Свен Мари.
Претходната изјава на Мари беше дека Абдеслам, кој е роден во Белгија, но има француско државјанство, ќе се спротистави на екстрадицијата.
Терористичките напади што се случија во Брисел, во вторникот оваа недела, а во кои загинаа 32 лица, се поврзуваат со терористичките напади во Париз и со апсењето на Абдеслам.