fbpx

Обама планира историска посета на Хирошима

-

Американскиот претседател Барак Обама планира да ја посети Хирошима, што би била прва посета на американски претседател на овој јапонски град, откако САД во 1945 година фрлија атомска бомба врз градот, соопштија синоќа извори блиски до Белата куќа.

Обама би требало да ја посети Јапонија кон крајот на мај, во рамки на самитот на шефовите на држави и на влади на земји од Групата 7 (Г7), кој годинава ќе се одржи во едно јапонско гратче.

Програмата на Обама за посета на Јапонија сè уште не е утврдена, но не е исклучена можноста за посета на Хирошима, изјави неименуван американски претставник во Буенос Аирес, каде Обама во моментов е во посета.

Конечната одлука за таа посета ќе биде донесена по министерскиот состанок на 10 и на 11 април во Хирошима, во рамки на подготовките за самитот Г7. По тој состанок ќе учествува и американскиот секретар Џон Кери.

Ниту еден американски претседател ги нема посетено Хирошима и Нагасаки, а САД се немаат извинето за фрлањето атомски бомби врз двата јапонски града.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...