понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Салах Абдеслам | 16 резултати

Почна судењето на првоосомничениот за терористичките напади во Париз

20 мај 2016

Осомничениот за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам на денешното прво појавување пред судот откако е испорачан во Франција, не се изјасни дали се чувствува виновен за делото за кое се товари. Денешното рочиште во Палатата на правдата во Париз заврши откако Абдеслам „не сакаше да се изјасни“, рече еден од неговите адвокатите, Франк Бретон, додавајќи дека […]

Салах Абдеслам екстрадиран во Франција

27 април 2016

Белгиските власти го екстрадирале во Франција главниот осомничен за терористичките напади во Париз од 13 ноември минатата година, Салах Абдеслам, јавува „Би-би-си“. Абдеслам беше уапсен во драматична полициска акција на 18 март во Брисел, четири дена пред бомбашките напади во градот, во кој беа убиени 31 лице. Кон крајот на март белгискиот суд донесе одлука […]

Терористот Абдеслам обвинет и за обид за убиство во Брисел

22 април 2016

Клучниот осомничен за минатогодишниот терористички напад во Париз, Салах Абдеслам, е обвинет и за учество во престрелка во Брисел, која се случила една недела пред нападот на бомашот самоубиец на аеродромот и на метро-странциата во гавниот град на Белгија. Како што изјави неговиот адвокат, Свен Мери, Салах бил обвинет за обид за убиство, а во […]

Абдеслам тврди дека намерно не ја активирал бомбата во Париз

2 април 2016

Главниот осомнилен за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам одлучил да не го изврши самоубиствениот напад во Париз за да ги зачува животите на другите луѓе, изјавил неговиот брат Мохамед Абдеслам за француската телевизија БФМТВ. Тој ова го изјавил по разговорот со својот брат Салах во затворот во Белгија, каде првоосомничениот за нападите ја чека […]

Белгискиот суд одлучи Абдеслам да ѝ биде испорачан на Франција

31 март 2016

Белгискиот суд донесе одлука Салах Абдеслам, првоосомничен за терористичките напади во Париз од 13 ноември, минатата година, да биде екстрадиран во Франција, соопшти денеска белгискиот федерален обвинител. Неговиот адвокат претходно денеска соопшти дека Абдеслам сака Белгија да го испорача на Франција и дека има намера да соработува со француските власти. Белгискиот федерален обвинител изјави дека […]

Салах Абдеслам сака да соработува со француските власти

31 март 2016

Осомничениот за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам сака да соработува со француските власти, соопшти неговиот адвокат Седрик Маоси. Тој потврди дека Абдеслам сака Белгија да го испорача на Франција. Абдеслам е во притвор во Бриж од 18 март, а со истражните власти нема разговарано од самоубиствените напади на аеродромот и метро-станицата во Брисел, извршени […]

Абдеслам нема да се противи на неговата екстрадиција во Франција

24 март 2016

Салах Абдеслам, еден од главните осомничени за терористичките напади во Париз од 13 ноември минатата година, нема да се противи и нема да поднесе жалба на неговата екстрадиција од Белгија во Франција, соопштил неговиот адвокат за француските медиуми, пренесува „Би-би-си“. Абдеслам беше уапсен во петокот минатата недела, во акција на белгиската и на француската полиција […]

Најбараниот терорист во светот, Абдеслам, е ранет и уапсен во Брисел

18 март 2016

Белгискиот државен секретар за азил и за миграција, Тео Франкен, потврди дека во Брисел денеска е уапсен Салах Абдеслам, водачот на терористичките напади во Париз. Абдеслам најпрво бил ранет, а потоа и уапсен во драматична полициска акција во Моленбек, предградие на Брисел кое е засолниште на исламистите. Белгискиот премиер Шарл Мишел и францускиот претседател Франсоа […]

Отпечатоци од прсти на Абдеслам најдени во станот во Брисел

18 март 2016

Белгиското федерално обвинителство денеска соопшти дека во станот во Брисел, кој беше цел на полициска операција оваа недела, биле пронајдени отпечатоци од прсти што му припаѓаат на главниот осомничен за париските напади во ноември минатата година, Салах Абдеслам, пренесува „Би-би-си“. „Можеме да потврдиме дека отпечатоци од прсти на Салах Абдеслам се најдени во станот во […]

Германската полицијата трага по Абдеслам

24 ноември 2015

Германската полиција денеска почна акција откако доби дојава дека Салах Абдеслам, еден од осомничените за 13-ноемвриските напади во Париз, се наоѓа на северозападот на Германија. Сепак, засега нема индикации дека е таму. Полицијата добила дојава дека Абдеслам се наоѓа во областите Минден или Либек, во покраината Северна Рајна-Вестфалија. – По почетните интензивни претреси, засега нема […]

Валс: Не знаеме дали Салах е во Франција или не

20 ноември 2015

Француските власти не знаат дали осомничениот за нападите во Париз, Салах Абдеслам, е во Франција или Белгија, изјави францускиот премиер Мануел Валс. Освен тоа, Валс наведе дека не е познато дали има уште поврзани групи со напаѓачите кои се во бегство. – Заканата е присутна. Ние во овој момент на истрага не знаеме дали постојат […]

Кери: Милитантите на ИД се психотични монструми

17 ноември 2015

Милитантите на Исламска држава (ИД) се психотични монструми, изјавил американскиот државен секретар, Џон Кери, кој денеска е во посета на Париз, на средба со францускиот претседател, Франсоа Оланд, јавуваат светските медиуми. Посетата на Кери на Париз, како што пренесува „Би-Би-Си“, е за да се демонстрира поддршката што Вашингтон му ја дава на својот клучен сојузик по терористичките […]

Страна 1 од 1